Реклама

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Авиосообраќајот урива рекорди – Визер воведува 7-ми авион во флотата во Скопје

Завршени се 40 проценти од пречистителната станица во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Македонија

Пред пратениците предлог-одлуката за продолжување кризна состојба за нафта и нафтени деривати

Собранието денеска ќе ја одржи 115.седница, на чиј дневен ред е и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собранието денеска ќе ја одржи 115.седница, на чиј дневен ред е и предлог-одлуката за изменување на одлуката за одобрување продолжување на рокот за постоење кризна состојба поради можност за настанување нарушување на снабдувањето со нафта и нафтени деривати на територијата на Македонија 

Владата на седницата одржана на 17 јули ја донесе одлуката за изменување на одлуката за одобрување продолжување на рокот за постоење кризна состојба поради можност од нарушување на снабдувањето со нафта и нафтени деривати. Со донесената одлука, како што соопштија, рокот на важење на кризната состојба се продолжува од 21 јули до 20 октомври, со што се обезбедува континуитет во институционалното постапување и навремено преземање мерки доколку дојде до нарушувања во снабдувањето или до значителни ценовни шокови на меѓународните пазари на нафта и нафтени деривати.
 
– Целта на оваа одлука е Владата да располага со соодветен правен механизам за брза и ефикасна реакција, со цел да се зачува стабилноста во снабдувањето, да се ублажат последиците од евентуални пазарни нарушувања и да се заштитат интересите и животниот стандард на граѓаните и стопанството. Владата и понатаму внимателно ќе ги следи состојбите на домашниот и на меѓународниот енергетски пазар и доколку тоа го наложат околностите, ќе продолжи да носи навремени и соодветни мерки во интерес на сигурно, стабилно и непречено снабдување со нафта и нафтени деривати – посочија од владината прес-служба.

 На дневен ред на седницата се и предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за автокамповите, предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за енергетиката, предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за меѓународната и привремената заштита, предлог-законот за изменување на Законот за супервизија на осигурувањето и предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за студентскиот стандард, сите по скратена постапка.

Реклама

Пред пратениците се и неколку предлог-закони во прво читање – предлог-законот за обезбедување квалитет во високото образование и науката, предлог-законот за научноистражувачката дејност и предлог-законот за високото образование.