Реклама

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Прилози

Нафтата пламна, цените на горивата почнаа повторно да не горат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања

Цените на нафтата повторно одат нагоре, загриженоста кај граѓаните расте. На дел…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Цените на нафтата повторно одат нагоре, загриженоста кај граѓаните расте. На дел од бензинските пумпи во Македонија можеа да се забележат редици возила кои побрзаа да наполнат гориво пред поскапувањето на дизелот од 5 и пол денари и на бензините од денар и пол по литар. Аналитичарите препорачуваат Владата активно да ја следи состојбата и ако поскапувањето продолжи, да интервенира со нов сет мерки. Дел од репертоарот кој и стои на располагање вклучува намалување на акцизите и ДДВ. Бараат поголемо штедење на државните пари за д аможат да се воведат соодветни мерки за одржување на животниот стандард.

„Сето тоа зголемување, Владата се обидува или се обидувала да го надополни кон граѓаните за граѓаните да не го почувствуваат тој негативен ефект кој се случува поради геополитичките случувања, особено со цената на нафтата. И сега нормално е ребалансот да повлече такви активности и на крајот на денот би било добро во тој ребаланс да се скрати нешто непродуктивно , како уредувањ ена канцеларии и ред други и апсолутно да се предвидуваат средства“ – вели Иван Атанасовски – економски аналитичар.

Од Владата смируваат, надлежните институции континуирано ја следат и анализираат состојбата на пазарот. Во овој момент сѐ уште е активна одлуката за кризна состојба на пазарот со нафтени деривати до 20-ти јули, но доколку околностите го наложат тоа, Владата ќе ги разгледува сите можности и мерки кои и стојат на располагање, што вклучува и продолжување на кризната состојба. Тоа е неопходно за да се носат мерки за поддршка на граѓаните.

Реклама

„Во изминатиот период веќе беа преземени конкретни мерки за ублажување на ценовните притисоци, меѓу кои намалување на ДДВ за горивата, намалување на акцизите за бензините и дизелот, како и засилен инспекциски надзор врз пазарот. Овие мерки се продолжени со што и понатаму се обезбедуваат едни од најниските цени на горивата во регионот и покрај тоа што станува збор за берзански производ,  државата располага  со најниски цени на дизел гориво и на бензините“ – велат од Владата.

Од Владата дополнуваат дека снабдувањето со горива е стабилно, а државата има доволно количини за непречено функционирање на бизнисот и граѓаните. Во услови на најголематасветска енергетска криза, Македонија успеа да ги задржи најниските цени на дизелот и бензините во регионот. Засега е неизвесно до кога ќе трае кризата на Блискиот Исток, бидејќи ситуацијата од ден на ден постојано с еменува, а привремениот мир, повторно беше нарушен и ги дигна цените на нафтените деривати. Во моментов, нафтата од типот брент се тргува за над 87 долари за барел , што е значајно зголемување од 15% за само 4 дена.