Реклама

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Македонија

Муцунски на министерски состанок во Вашингтон: Современите закани бараат координиран одговор, силни институции и цврсти партнерства

Политички мотивираниот тероризам не смее да остане слепа точка во нашата заедничка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Политички мотивираниот тероризам не смее да остане слепа точка во нашата заедничка безбедносна архитектура. Современите закани бараат координиран одговор, силни институции, цврсти партнерства и целосно почитување на владеењето на правото – објави на „Фејсбук“ шефот на допломатијата Тимчо Муцунски, кој на покана на државниот секретар на САД, Марко Рубио, во Вашингтон учествуваше и се обрати на министерскиот состанок посветен на заканите од подемот на политичкиот тероризам.

На конференцијата, на која присуствуваа високи претставници од повеќе од 60 држави, беше разговарано за зајакнување на меѓународната соработка и институционалната подготвеност за справување со современите форми на политички мотивирано насилство и тероризам.

Во своето обраќање, Муцунски истакна дека кога насилството се користи за замолчување на политичкиот говор, заплашување избрани функционери и граѓани, напади врз органите на прогонот или влијание врз демократските процеси, тогаш повеќе не станува збор за вообичаено политичко несогласување, туку за организирано политичко насилство, а во неговите најтешки облици и за тероризам.

Реклама

Тој нагласи дека слободните општества никогаш не смеат да се плашат од дебата, бидејќи демократијата почива врз различноста на мислењата, но и дека политичкото насилство никогаш не смее да стане легитимен јазик на политичките промени.

Осврнувајќи се на регионалниот контекст, Муцунски посочи дека оваа закана има сериозна димензија и за Западниот Балкан како стратешки чувствителен регион. Во таа насока, ја нагласи потребата од подобро разбирање на каналите на радикализација, идентификување на финансиската и логистичката поддршка, како и утврдување дали надворешни актери ги злоупотребуваат домашните тензии за постигнување пошироки стратешки цели.

Министерот истакна дека дигиталното опкружување суштински го промени овој предизвик, бидејќи радикализацијата, пропагандата, регрутирањето и координацијата денес можат да се одвиваат преку границите и во реално време. Затоа, соработката мора соодветно да се приспособи преку зајакната размена на разузнавачки информации, поблиска координација меѓу органите на прогонот и продлабочена соработка во борбата против дигиталната радикализација и транснационалните мрежи за поддршка.

Како сојузник во НАТО и стратешки партнер на Соединетите Американски Држави, Муцунски нагласи дека Македонија е подготвена да даде свој придонес во заедничките напори за справување со овие закани.

Поздравувајќи го лидерството и иницијативата на Соединетите Американски Држави за организирање на конференцијата, Муцунски истакна дека новите закани бараат политичка јасност и координирано дејствување, нагласувајќи дека во демократијата на идеите им се спротивставуваме со идеи, а политичкото насилство никогаш не смее да стане легитимен јазик на политичките промени.

На маргините на конференцијата, министерот Муцунски оствари и работна средба со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар. На средбата беше потврдена одличната билатерална соработка меѓу двете земји, а соговорниците ја потврдија заедничката подготвеност за нејзино натамошно продлабочување во периодот што следи.