Реклама

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Македонија

Мавровско Езеро порибено со 460 килограми крап

Рибниот фонд во Мавровско Езеро во пресрет на Светското првенство во спортски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Рибниот фонд во Мавровско Езеро во пресрет на Светското првенство во спортски риболов на крап, порибено е со нова количина риби. Од јавната установа Национален парк Маврово, информираат дека вчера во соработка со EDS Energy Delivery Solutions, е реализирано порибување на најголемата водна површина во паркот со 460 килограми крап.

– Оваа активност претставува значаен придонес кон зачувувањето и унапредувањето на рибниот фонд, како и кон одржливото управување со природните ресурси во паркот, наведуваат од НП „Маврово“.

Оттаму посочуваат дека ново порибување се реализира во пресрет на Светското првенство во спортски риболов на крап, кое ќе се одржи на Мавровското Езеро, а целта е да се збогати рибниот фонд и обезбедување подобри услови за развој на спортскиот риболов.

Реклама

Од управата на НП „Маврово“ ги потсетуваат сите спортски риболовци дека крапот е под временска забрана за спортски риболов до завршувањето на Светското првенство.

– Апелираме до сите посетители да ги почитуваат донесените мерки, додека Службата за заштита на природата која работи во склоп на паркот спроведува засилени контроли на терен, се наведува во информацијата.

Од Национален парк „Маврово“ искажаа благодарност до EDS Energy Delivery Solutions за општествено одговорниот пристап и поддршката во зачувувањето на природното богатство на Мавровското Езеро.

Во две акции, пролетва, езерото беше порибено со над 4 тона крап.

Светското првенство во лов на крап на Мавровско Езеро – септември 2026 е еден од најголемите спортско-риболовни настани што некогаш ќе се одржат во Македонија. Според најавите првенството треба да се одржи од 2 до 5 септември.