Реклама

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Македонија

Кузманоска: Вработување и раст на правни субјекти, креирање нови 1.385 работни места и грант од државата од 160.000 до 250.000 денари по работник

Во тек е јавниот повик на Владата за „Поддршка за креирање на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во тек е јавниот повик на Владата за „Поддршка за креирање на нови работни места“, кој е насочен кон македонските компании кои сакаат да го прошират и развијат бизнисот, преку отворање нови работни места. Првата подмерка од овој повик е „Вработување и раст на правни субјекти“ преку која финансиски ќе се поддржат компании за вработување на вкупно 1385 лица со по 160.000 до 250.000 денари од работно место, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Вкупниот буџет за оваа финансиска поддршка за креирање на нови работни места изнесува 332.650.000 денари или околу 5,4 милиони евра, а една компанија може да добие поддршка за вработување на најмногу 5 лица.

Финансиската поддршка варира согласно категоријата, каде што најголем износ се доделува за вработување на млади до 29 години, и тоа 250.000 денари по лице.

Реклама

За лица корисници на гарантирана минимална помош, Роми, лица со попреченост, жени, долгорочно невработени лица и за жени Ромки со завршено средно или високо образование, висината на грантот изнесува 220.000 денари.

За невработени над 29 години висината на грантот за вработено едно лице изнесува 160.000 денари.

Новина во оваа мерка е тоа што се третираат повратниците, со тоа што за секое вработено лице повратник, на работодавачот, во зависност од дефинираните износи на соодветна категорија на невработени лица, му се исплаќаат дополнителни 10% од вкупниот износ на одобрени средства.

Со ваквите мерки и политики, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ креира можности, професионален и кариерен развој за сите македонски граѓани од сите возрасти и категории и создава поволна економска клима за развој на македонското стопанство.