Реклама

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Авиосообраќајот урива рекорди – Визер воведува 7-ми авион во флотата во Скопје

Завршени се 40 проценти од пречистителната станица во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Епидемиолозите пријавија епидемија во Гостивар

Заради зголемениот број на заболени со стомачни тегоби, епидемиолозите од Центарот за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заради зголемениот број на заболени со стомачни тегоби, епидемиолозите од Центарот за јавно здравје пријавија епидемија. Во изјавата која ја дадоа попладнево во тетовскиот центар ги наведоа и причините за овој чекор. Засега не се знае што ја предизвика заразата во Гостивар.

– Поради зголемениот број на заболени со гастроентеритис и надминување на лимитот на неделно ниво, Центарот за јавно здравје Тетово, Одделение за епидемиологија Гостивар, пријавува епидемија на ниво на подрачјето на Општина Гостивар, рече д-р Зорица Зафироска епидемиолог.

Таа информираше дека последниве денови е зголемен бројот на заболени. Во последните 24 часа, според информациите од Општата болница Гостивар, на преглед на инфективно одделение се јавиле 204 пациенти, од кои тројца се болнички лекувани. На педијатриското одделение се јавиле 140 пациенти, од кои 105 деца се нови пациенти, а 35 се контролни прегледи, и 9 пациенти побарале помош во Ургентниот центар.

Реклама

Зафироска кажа дека не е познат причинителот и од каде доаѓа, а дека се во тек анализи и испитувања.

– Сè уште не го знаеме изворот на заразата и причинителот уште ни е непознат. Во тек се испитувањата и чекаме резултати да видиме за што се работи. Редовно ја следиме состојбата, редовно спроведуваме епидемиолошки увиди, ги анкетираме заболените пациенти и за сè ќе бидете дополнително информирани, изјави Зафировска.

Во врска со случајот околу можноста водата од градскиот водовод да е намерно загадена се работи и во Основното јавно обвинителство Гостивар. Оттаму наведуваат дека се во постојана координација со Институтот за јавно здравје, каде по наредба на јавен обвинител се вршат анализите и испитувањата на квалитетот на примероците од водата во гостиварскиот водовод.

Според најавите, резултатите треба да бидат готови утре и да бидат доставени до надлежното обвинителство, по што ќе се донесе одлука за натамошниот тек на постапката, а јавноста ќе биде известена. Во меѓувреме, по наредба на јавен обвинител, локацијата во Вруток и натаму е обезбедена.