Реклама

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Муцунски: Нема промена на македонските позиции

Вардар се исчисти од белата пена – се чекаат резултатите од испитувањата

Гостиварчани да бидат потрпеливи, се работи на отстранување на проблемот – потребно е подолго време да се нормализира состојбата

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Нов член на Владата: Зејнула избран за министер без ресор, СДСМ гласаше против, иако немале ништо лично против него

Продолжува опремувањето на македонските касарни, во прилепската – изграден воен хангар во вредност од 10,5 милиони денари –

Македонија

Димитриевски во Прилеп: Разговараме на теми од секојдневното живеење и како да се решат проблемите

ЗНАМ вети дека не само што ќе биде коректив, туку и првенствено…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ЗНАМ вети дека не само што ќе биде коректив, туку и првенствено ќе биде и иницијатор на општествените промени во државата, со цел власта да им овозможи на граѓаните поубав живот, изјави претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски во Прилеп каде партијата од владината коалиција ја одржува панел дискусијата под мотото „Европско ЗНАМ, за европска иднина и европска Мкедонија“.

-Дојдовме да поразговараме со членовите, со симпатизрите на ЗНАМ во Прилеп. Кога решивме да бидеме дел од власта, рековме дека не се бориме за функции, туку, првенствено, за подобрување на животната состојба на граѓаните. Токму и целта на овој караван е да поразговараме со граѓаните, да ги слушнеме сите позитивни, но и негативни критики со цел каков придонес може да даде ЗНАМ во своето работење како партиципиент во власта. Ќе разговараме на поголем број отворени теми и повеќе сегменти од секојдневното живеење во Македонија. Придружуван сум од добар дел на носителите на јавни и на извршни функции и, секако, со новиот министер за земјоделство Борче Серафимовски кој ќе поразговара со прилепчани на актуелните теми во земјоделството, рече Димитриевски. 

На прашањето да го коментира ставот на единствената советничка од ЗНАМ во прилепскиот совет која од неодамна стана независна, Димитриевски рече дека првенствено и таа и пратеникот Миле Цеков имаат обврски што на таа позиција ги донесла движењето ЗНАМ и на тој начин ги добиле гласовите од граѓаните. 

Реклама

-Лично, дамата – советничка не ја познавам. Жалам за нејзината одлука. Првенствено мандатот се добива преку политички субјект кој ја номинира и таа треба да им објасни на граѓаните и на членовите на партијата зошто решила да дејствува како независен советник. Како нова политичка партија, за нас, според мене, ова е својствено бидејќи не ги познаваме сите членови и симпатизери кои ни се приклучуваат. Таа треба на своите поддржувачи да им го даде вистинскиот одговор зошто донесла таква одлука. Најчесно би било не само таа, туку и пратеникот Миле Цеков, да го вратат мандатот на партијата, бидејќи тој е добиен преку партијата. Како и да е, ние не сме оптоварени со тоа прашање, рече Димитриевски.