Реклама

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Авиосообраќајот урива рекорди – Визер воведува 7-ми авион во флотата во Скопје

Завршени се 40 проценти од пречистителната станица во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Прилози

Денеска ќе се знае дали ќе има епидемија во Гостивар: Водата не смее да се користи ниту за пиење, ниту за миење, ниту за капење…

Се повеќе гостиварци со симптоми на стомачен вирус, денеска ќе се знае…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се повеќе гостиварци со симптоми на стомачен вирус, денеска ќе се знае дали ќе се прогласи епидемија. Над 350 прегледи за едно деноноќие во Гостивар, тројца примени на болничко лекување. Од вчера во осум часот наутро до денеска во истиот период имало 204 прегледи на Инфективното одделение. 140 прегледи имало на Педијатриското одделение, од кои 105 нови и 35 контроли. Деветмина биле на преглед во Ургентниот центар.

-Мерките за контрола и превенција се цело време активни, она што дополнително би се добило преку пријавувањето на епидемијата е подобра координација и комуникација на сите чинители, односно на сите надлежни институции. Морам да дадам исто така апел до населението во Гостивар, да соработува со луѓето кои им се јавуваат за епидемиолошко анкетирање и да ги слушаат препораките на здравствените власти, во однос на давањето на мостри, изјави Драган Кочински, раководител на одделот Епидемиологија на заразни заболувања во ИЈЗ.

Наместо туш, влажни марамици, водата во Гостивар не е за каква било употреба. Ниту за пиење, ниту за готвење, ниту за капење, ниту за миење садови. Додека надлежните не дадат други препораки, не смее да се користи нути за превривање. Од Институтот за јавно здравје препорачуваат, за  што и да треба да се користи флаширана вода.

Реклама

-За миење заби користете исклучиво безбедна вода – флаширана. За туширање и капење да се користи безбедна вода – флаширана или превириена вода, но, да се внимава водата да не се голта. Доколку нема безбедна вода, користете влажни марамчиња или крпи за еднократна употреба за периодот додека водата е забранета за употреба. Избегнувајте подготовка на храна што не се готви доколку не може да се користи безбедна вода. Користете еднократни чинии и прибор за јадење за да избегнете миење, препорачуваат од ИЈЗ.

Епидемиолозите советуваат да не се споделуваат чаши и прибор за јадење со лица кои имаат симптоми на стомачна инфекција. Од ИЈЗ и со препораки за рестораните, кафулињата и угостителските објекти. Да не се користи водата од градскиот водовод за подготовка на пијалаци, миење овојшје и зеленчук, за подготовка на храна да се користи сторко флаширана вода, а да не се користат машните за мраз.

-Ако имате пристап до флаширана вода, набавете ја за овој период. Потребни се најмалку четири литри вода по лице на ден. За пиење користете фабрички пакувана вода – флаширана вода. Не користете вода од водоводот за подготовка на храна, миење овошје и зеленчук што се консумираат свежи, подготовка на мраз, подготовка на сокови, кафе, чај и други пијалаци. Не користете вода од водоводот за подготовка на храна за доенчиња, препорачуваат од ИЈЗ.

На терен се и обвинителите кои се во постојана комуникација со ИЈЗ. Повеќе информации најавуваат по добивањето на резултатите за квалитетот на водата.

-Основното јавно обвинителство Гостивар е во постојана координација со Институтот за јавно здравје, каде по наредба на јавен обвинител се вршат анализите и испитувањата на квалитетот на примероците од водата во гостиварскиот водовод. Според најавите, резултатите треба да бидат готови утре и да бидат доставени до надлежното обвинителство, по што ќе се донесе одлука за натамошниот тек на постапката, а јавноста ќе биде известена. Во меѓувреме, по наредба на јавен обвинител, локацијата во Вруток и натаму е обезбедена, велат од ОЈО.

Надлежните велат дека во тек се епидемиолошко истражување и активно следење на нови случаи, микробиолошки испитувања на примерови од пациенти, испитувања на примероци од водата и процена на можните извори на зараза, надзор на водоснабдувањерто и санитарно хигиенските услови.

Матеја Петровски