Реклама

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Муцунски: Нема промена на македонските позиции

Вардар се исчисти од белата пена – се чекаат резултатите од испитувањата

Гостиварчани да бидат потрпеливи, се работи на отстранување на проблемот – потребно е подолго време да се нормализира состојбата

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Нов член на Владата: Зејнула избран за министер без ресор, СДСМ гласаше против, иако немале ништо лично против него

Продолжува опремувањето на македонските касарни, во прилепската – изграден воен хангар во вредност од 10,5 милиони денари –

Прилози

Запленети уште еден тон марихуана – полицијата упадна во фабриката „Гринлајф“ во валандовското село Јосифово

Голема полициска акција во валандовското село Јосифово. Под силно обезбедување и со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Голема полициска акција во валандовското село Јосифово. Под силно обезбедување и со засилено присуство на полициските сили, припадници на МВР влегоа во фабриката за производство на медицински канабис „Грин лајф“, каде започна заплена на поголема количина марихуана.

Акцијата се одвиваше зад затворени врати, додека пред фабриката беа паркирани четири камиони подготвени за транспорт на канабисот.

Под силно полициско обезбедување, кордонот на МВР во дворот на фабриката за канабис „Грин лајф“ влезе околу 12.30 минути, каде почна во камиони да се товарат кутии полни со марихуана“.

Реклама

Засега надлежните институции официјално не откриваат детали, со образложение дека акцијата сè уште е во тек, но според неофицијални информации на Алфа, станува збор за заплена на околу 1 тон канабис.

Фабриката „Грин лајф“, според официјалните податоци, е основана на 1 јануари 2018 година и работи во Јосифово. Сопственички удел во компанијата има српската фирма „Био Натуралс“, со седиште во Белград, која во Србија се поврзува со истраги за шверц на канабис од Македонија.