Реклама

Невремето откорна дел од кровот на болницата во Штип, сериозни штети има во Чешиново-Облешебо

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Авиосообраќајот урива рекорди – Визер воведува 7-ми авион во флотата во Скопје

Завршени се 40 проценти од пречистителната станица во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Македонија

Во тек оглас за распределба на 47 социјални станови во Дебар

Врз основа на Одлуката за распределба на социјални станови, како и условите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Врз основа на Одлуката за распределба на социјални станови, како и условите за нивно користење, изградени по Програмата за изградба, продажба и одржување на станбениот простор во сопственост на државата, во тек е огласот на Министерството за транспорт, со кој треба да бидат распределени 47 станови во Дебар. 

-Социјалните станови, со површина од 34 до 54 квадратни метри, се во станбенa зградa на улицa „Нормалја е Елбасанит“ без број, во Дебар а се изградени по Програмата за изградба, продажба и одржување на станбениот простор во сопственост на Република Северна Македонија, а согласно рамковниот договор за заем склучен меѓу Банката за развој при Советот на Европа и Република Северна Македонија, наведуваат од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа.

Објаснуваат дека барање за добивање на социјален стан за користење под закуп може да поднесе лице – државјанин на Република Северна Македонија, со постојано место на живеење во општината, како и лице кое е без стан во лична сопственост, на брачниот другар и на полнолетните членови на неговото заедничко домаќинство на територијата на државава.

Реклама

-Корисници на социјални станови може да бидат следните категории на граѓани кои се станбено необезбедени: Деца без родители или родителска грижа – лица над 18 години кои до својата осумнаесетта година биле згрижени во институции и други облици за згрижување за деца без родители, корисници на правото на гарантирана минимална помош, лица погодени од елементарни-природни непогоди без разлика на правниот статус на нивните постојни (примарни) живеалишта, лица со попреченост и семејства со лица со попреченост, како и лица припадници на ромската заедница, нагласуваат од Cентарот.

Посочуваат дека заинтересираните за сите потребни информации може да се јават во просториите на центарот во Дебар, кој со својата активност ја покрива и Општина Центар Жупа.

Социјалните станови ќе се распределуваат согласно Методологијата за бодирање на кандидати за добивање на социјален стан под закуп, огласот завршува на 20 овој месец а документите се доставуваат до центарот во Дебар. 

Во Дебар ова е втора стамбена зграда наменета за споменатите категории, првата зграда која се наоѓа во населба „Венец 2“ на излезот од Дебар кон Струга, е дадена во употреба пред две децении.