Реклама

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Прилози

Во Штип се отвора училишна компанија – Повеќе пракса и поголеми шанси за вработување

Отварањето на училишна компанија во Државниот стручен училишен центар „Коле Нехтенин”во Штип,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Отварањето на училишна компанија во Државниот стручен училишен центар „Коле Нехтенин”во Штип, е нов модел кои на учениците ќе им понуди практична настава, но и зголемување на можностите за вработување.   По позитивните примери во Струмица и Скопје,и штипските средношколци ќе работат во услови блиски до реалниот пазар, стекнувајќи практични и професионални вештини. Со директно вклучување во работниот процес, тие ќе станат поконкуретни на пазарот на трудот. 

 „Училиштето ќе има своја компанија и ќе биде посебен правен субјект. Ќе остварува посебен приход, да ги понуди своите можности и да биде како еден вид помош на компаниите да земе работа од нив и да ја сработи. Тоа ќе биде посебен приход на училиштетот„ изјави Јованка Шалева, дир. на ДСУ„Коле Нехтенин”, Штип.

Анализите покажуваат дека на пазарот на трудот има сериозен недостиг од инжинери од електротехничката и машинската струка, кадар во туризамот и угостителството, како и текстилни работници. Токму затоа, средните училишта ги прилагодуваат своите образовни профили според потребите на компаниите.

Реклама

 „Со смерот техничар за изработка на облека, бидејќи е со концептот учење преку работа кај работодавач, односно по концептот на дуално образование имаме склучено повеќе меморандуми за соработка кои имат прифатено неколку ученици од нашето училиште„ изјави Марина Варадиновска, директорка на СОУ„Димитар Мирасчиев”, Штип

Со поддршка на МОН и Центарот за стручно образование, дуалното образование станува се поефикасно, овозможувајќи на учениците практично искуство и поголема подготвеност за пазарот на трудот.

„Со измени во Законот за средно образование, сега и поддршката од страна на Центарот за стручно образование и МОН, се зајакнува и сега после четири години можам да кажам дека сме на вистинскиот пат, за вистинска реализација на дуалното образование, а не само кое беше само на хартија„ изјави Марија Николиќ, директорка на СОУ„Јане Сандански”, Штип.

Во последните години дуалното образование станува се популарно. Во моментот околу 4000 ученици се запишани во паралелки каде торијата се надополнува со пракса, а оние средношколци  што ги исполнуваат критериумите добиваат и стипендии од 3.500 денари.