Реклама

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Мицкоски бара одговорност за Гостивар

Уапсени директорката и менаџментот на гостиварски „Комуналец“

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Македонија

Во с.Небрегово, одбележана 99-годишнинаната од раѓањето на стожерот на македонскиот јазик и азбука, Блаже Конески

       „Не смее да се изневерува својот народ, зашто неговиот јазик ни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

       „Не смее да се изневерува својот народ, зашто неговиот јазик ни е единствената наша целокупна татковина“, своевремено рекол стожерот и кодификаторот на македонскиот јазик, азбука, граматика и правопис, Блаже Конески, кој на 19-ти декември, точно пред 99 години бил роден во прилепското село Небрегово и кој целиот свој живот го посветил токму на таа кауза, а чие дело пак, благодарение на актуелните, искривени политики, се повеќе е на удар од нашите соседи.

    „Морам да ја повторам мислата на Блаже Конески дека не може на едни да им се оддава признание за својот јазик и својата култура, а на други да им се одзема тоа право. Ние Македонците ќе зборуваме македонски јазик додека постоиме…..Се работи практично за еден мит кој што влече свои корени од средниот век и се разбира, митот се обновува со т.н. Сан-Стефанска Бугарија, која што никогаш и не постоела, и тој мит потоа се обновува во текот на националистичкиот период и во царска Бугарија, и за жал и во комунистичка, современа Бугарија и со тоа си решеваат некои свои домашни проблеми, мислам на Бугарија“, – изјави проф.д-р Људмил Спасов, од Советот за македонски јазик при Владата на РМ.

     Дека македонскиот јазик не е никаков дијалект на бугарскиот, потврдуваат и од Институтот за македонски јазик, “Крсте Петков – Мисирков“.

Реклама

   „Македонскиот јазик си има свој континуитет од 9-от век до денеска. Со развојот на првата словенска писменост, старо-словенскиот јазик, преку македонската варијанта на црковно-словенскиот јазик, 19-от век, преродбениците, 20-от век, 1903-тата, книгата на Крсте Мисирков – „За македонцките работи“, која што всушност претставува прва и неофицијална кодификација на македонскиот јазик и последната кодификација на нашиот Блаже Конески“, – децидна е Елена Јованова- Грујовска, директор на Институтот за македонски јазик „Крсте Петков- Мисирков“.

      Постоењето на македонизмот и на Македонците пред 1945-тата, не е спорно дури ниту за владиниот Национален координатор за интеркултурализам, Роберт Алаѓозовски.

     „Се разбора дека македонската нација, македонскиот народ си има своја етно- генеза. Ние имаме право да се повикуваме на таа етно-генеза. Тоа е јасно и тоа е утврден факт, така што нема отстапување на тоа“, посочува Роберт Алаѓозовски.

       А на својот Блаже Конески пак, особено се горди неговите соселани.

       „Што има да се кажува за Блаже Конески…се е кажано…Дури и светот, мислам како светски, не како од Небрегово, како македонски писател го знае…Блаже Конески, тој како дете овде основно завршил и после Прилеп пошол…па Скопје...“, –  вели Жарко Конески од Небрегово.

        Инаку, родната куќа на Блаже Конески во Небрегово, од 2005-та година е Спомен-куќа која е уредена во автентичен стил со богата музејска поставка која целосно го отсликува неговиот живот, се до неговата смрт во 1993-та година.

Каролина Дурло