Реклама

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Македонија

Во Македонија има се’ повеќе научни трудови чиј научен аспект е дискутабилен ?!

Не може една докторска дисертација да биде подготвувана преку интернет и за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Не може една докторска дисертација да биде подготвувана преку интернет и за само една година. За да биде таа квалитетна и научно издржана, потребни се најмалку четири години сеопфатна, директна истражувачка работа, смета проф. д-р Љупчо Попоски, поранешен, долгогодишен претседател на ДНУ од Прилеп. Актуелниот наплив од докторати и магистратури, според него, го става под голем знак прашалник научниот аспект на одредени научни трудови, а тоа може да создаде неточна и искривена научна анализа.

Не можам да сфатам, докторска дисертација да се спрема преку интернет, да се спрема година дена, или се наведува литература во таа докторска дисертација која и самиот докторант не знае која литература е таа…Ако сакаш да истражуваш, мораш да најдеш законитост, аргументација, од таа аргументација да извлечеш заклучок, а од тој заклучок да извлечеш и правец на движење во одредени општествени области…Без аргументи, нема вистина…Тоа е општествена појава која треба образованието, властите да си ја решат…“, – објаснува проф. д-р Љупчо Попоски.

Попоски е уверен дека „производството“ на таквите докторанти преку, како што вели, евитината продажба на тие докторати, многу скапо ќе ја чини иднината на државава.

Реклама

Дека македонската научна, истражувачка и аргументирана мисла е во извесна криза, говори и фактот што во Македонија, во моментов, покрај МАНУ, функционираат само уште две друштва за наука и уметност, во Прилеп и Битола.

 „Друштвото за наука и уметност е светилиште за науката и уметноста, место каде што треба да се збира академската заедница..Низ годините, разните случувања придонесле дел од друштвата да се затворат, најверојатно поради немање доволно средства, поради немање на поддршка“, – кажа д-р Силвана Пашоска, претседателка на ДНУ – Прилеп.

Инаку, прилепското ДНУ, со две години пролонгирање заради пандемијата, годинава одбележува 50 години од формирањето. Јубилејот се заокружува со промоција на две научни публикации во кои се поместени триесетина научни трудови од разни области од повеќе членови на Друштвото.

                                                                                                        Каролина Дурло