Реклама

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Парното во просек поскапува за 6%. За стан од 60 квадрати сметката поголема за 140 денари

Водовод Гостивар- Потрошени седум милиони евра, реконструкцијата не е завршена ни по една деценија, па друг им е виновен

Повеќе пари за земјоделството, капитални инвестиции, социјална заштита: Ребалансот на буџетот изгласан во Собранието

Студентските домови добиваат нов лик – голема реконструкција до октомври

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ја кроел судбината на „Жан Митрев“, заедно со Заев ветувале влијание врз судски постапки

Дали СДСМ воопшто делувала како политичка партија во седумте години власт или…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дали СДСМ воопшто делувала како политичка партија во седумте години власт или само како мрежа на поединци, кои ги користеле институциите за да си остварат бизнис планови? Кај Филипче инаку може да се забележи отсуство на било каква загриженост, за случајот со ,„Жан Митрев“, и како тој се обидел да ја преземе болницата преку финансиски притисоци, уцени, спогодби преку кои тој и Заев ветувале дека ќе влијаат во судски постапки, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

На сопственикот на болницата, Митрев, му било кажано дека ќе биде ослободен од обвиненијата против него, во судски спор кој тогаш се водел против него, но Филипче да ја преземе болницата, на легален начин, затоа што најмногу пари од Буџетот завршувале токму во таа болница, за што можеби и Филипче си ја подготвувал како профитабилен бизнис во иднина.

Филипче да беше малку загрижен за интересот на граѓаните, и за ресорот кој тој го водеше, немаше да му се случат Онкологија, модуларната болница во Тетово, немање вакцини за време на ковид пандемијата, и ред други скандали со кои е поврзан тој.

Реклама

А за влијанијата во судските постапки, покрај тоа што мрежата на Заев како тогашен премиер целосно се инсталираше во судството, логично е да се праша, колку вакви случаи не завршиле со пресуда според закон туку со амин на Заев, и дали тоа е причината зошто ниту еден функционер на СДСМ не се плаши од истраги и одговорност?

За овој случај, за кој и јавно се произнесе и сопственикот на клиничката болница ,,Жан Митрев“ на национална телевизија, Филипче нема одговор, но затоа вчера на партиски Конгрес се обиде да спинува се што оваа власт сега прави за доброто на државата и да се продава како спасител, а самиот е причината за што здравството е на ова дереџе.

ЈО има обврска да ги испита индициите за изнуда и сомнежите за криминал за злоупотреба на службената положба.