Реклама

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Авиосообраќајот урива рекорди – Визер воведува 7-ми авион во флотата во Скопје

Завршени се 40 проценти од пречистителната станица во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Прилози

Тешка и мачна ноќ за жителите на Кичево по поплавите кои уништија десетици домови во градот

По вчерашното невреме, Кичево денес осамна во тишина што тежи повеќе од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По вчерашното невреме, Кичево денес осамна во тишина што тежи повеќе од поројниот дожд кој паѓаше со часови. Водата се повлече, но зад себе остави кал до колена, влажни ѕидови и празни погледи. Дворовите се полнат со изнесени душеци, искривени ормари, детски велосипеди прекриени со тиња. Сè што некогаш имаше свое место во домот, сега лежи на улица – натежнато од вода и од спомени.

Во домот кој до вчера зрачел со топлина и спокој, само за половина час надојдената вода направила пустош. Луѓето внимателно пребаруваа низ остатоците, обидувајќи се да спасат нешто од уништените фотографии. Не се уништени само куќи, туку години труд, велат вознемирени жителите од најстарата населба во градот, Подварош, која беше и една од најпогодените, а во која има куќи стари и по две столетија.

„Сме имале поплава пред земјотресот ’63-та, исто вака поплавена била куќата, но досега ваква поплава не сме имале никогаш. Поплавени бевме за 10 минути. Реката е тука до нас, ние сме најблиску до реката, нашава куќа. Целиот долен спрат, целиот мебел, сè е уништено. Внатре имаше 30 см вода. Машините не знам дали ќе работат, до утрово немаше струја, сега ја пуштија. Бевме заробени, што се вели, дома немавме ни опрема. Преку појас се гледа, нивото е доста високо. Од притисок во подрумскиот дел стаклата се искршија и водата преку прозорите ни навлезе во подрумот и сè се поплави таму – сета зимница, сета храна, фрижидерот за длабоко и сето тоа, настрадавме“, велат жителите.

Реклама

Околу 200 жители од населбата Прилепска општината повторно ги евакуираше во спортската сала „Христо Узунов“. Трошните, диво изградени куќи покрај самата река целосно се поплавени.

„Пред месец и една недела бевме поплавени, половина влезе водата, околу 1 метар, сега има до плафон. Сега немаме решение да се вратиме во овие куќи. Сè е поплавено, немаме решение. Веќе во 4 часот бегавме. Ми се јави братот, ако тој не ми се јавеше ќе бевме поплавени и жртви ќе имаше“, велат жителите.

Општинските служби, пожарникарите и вработени од соседните општини деноноќно им помагале на кичевчани да се спасат од надојдените води. Со механизација се расчистуваат речните корита, а жителите на располагање имаат и пумпи со кои ја црпат водата.

„Продолжува без престан работата по должината на речното корито, за конечно да се доведе во ред, за да не би се повторувале вакви немили настани, бидејќи изминативе 13 години никаква акција за расчистување на тоа речно корито не е направена. Меѓутоа, има дел од ромско население кои со куќите се влезени во реката, таму постои опасност ако се интервенира да се срушат тие куќи“, вели градоначалникот на Кичево.

Јовановски вели дека целосно ќе се исчистат речните корита, а за жителите од Прилепска ќе се бара системско решение.