Реклама

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Парното во просек поскапува за 6%. За стан од 60 квадрати сметката поголема за 140 денари

Водовод Гостивар- Потрошени седум милиони евра, реконструкцијата не е завршена ни по една деценија, па друг им е виновен

Повеќе пари за земјоделството, капитални инвестиции, социјална заштита: Ребалансот на буџетот изгласан во Собранието

Студентските домови добиваат нов лик – голема реконструкција до октомври

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Гостиварци може да здивнат – добија технички исправна вода

Македонија

Старите дуќани во гевгелиската чаршија добија нова фасада

Во тек е поставување нова фасада на дотраените дуќани во Старата чаршија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во тек е поставување нова фасада на дотраените дуќани во Старата чаршија во Гевгелија, во рамки на проектот за конзервација, реставрација и реконструкција што го спроведува Министерство за култура и туризам. Паралелно со фасадирањето, се обновува и пешачката зона со поставување гранитни плочи, информираат од Општина Гевгелија.

– Изведбените работи се одвиваат интензивно. На двете страни од чаршијата, на улиците Бранд Петрушев и 7 Ноември поставена е целосно нова подземна инфраструктура, што беше доста тежок и долг процес од техничка природа. Во тек се изведбените работи за партерно уредување и фасадирање на дуќаните во Старата чаршија, по што ќе следи хортикултурно уредување и поставување на ново осветлување. Наскоро овој споменик на културата, целосно обновен и реставриран, ќе биде достапен за граѓаните, како и за бројните туристи кои престојуваат во нашиот град, велат од кабинетот на градоначалникот на Гевгелија, Андон Сарамандов.

Целосната реконструкција на Старата чаршија, која е заштитено културно наследство од XIX век, изнесува над 40 милиони денари. Целта на проектот е Гевгелија да добие простор за културни настани и уметнички проекти, со што ќе се негува традицијата и ќе се поттикнат нови културни трендови.