Реклама

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Кривични пријави против три девојки кои го тепаа и го снимаа малтретирањето врз 14-годишното девојче од Куманово

Рокот истекува, договор за изборниот законик нема: Реформската агенда заложник на блокадата од СДСМ и Левица

Нафтата пламна, цените на горивата почнаа повторно да не горат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања

Инспекторат за транспорт доби мобилни контролни центри од ЕУ

Проветрени, освежени и со нова енергија: Новиот владин тим на премирот Мицкоски стапува на сцена

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

Македонија

Средба Милошоски-Бунфорт: Македонија и Унгарија ги продлабочуваат билатералните односи

Македонија веќе две децении неправедно „седи на оградата“ на Европската Унија –…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија веќе две децении неправедно „седи на оградата“ на Европската Унија – оценува Жолт Бунфорт , специјален претставник за Западен Балкан на унгарскиот премиер Виктор Орбан. Тој после средбата со потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски кажа дека доколку процесот на проширување навистина се води по мерит-систем , Македонија и земјите од регионот одамна требало да бидат полноправни членки на Унијата. Бунфорт порача дека е време пристапниот процес да се забрза.

Она што е важно е да видиме дека земјите од регионот, вклучително и Македонија, треба да станат полноправни членки на ЕУ. Тоа е сè што можам да кажам во моментот. За нас би било многу важно да се забрза овој процес и да им се даде на земјите шанса да станат членки на ЕУ. Доколку станува збор за мерит базиран пристап, мислам дека Македонија и регионот заслужуваат полноправно членство – рече Бунфорт во одговор на новинарски прашања по средбата. Сметаме дека е пародија што Северна Македонија „седи на оградата“ повеќе од дваесет години. Сега се обидуваме да направиме сè што е во наша моќ за да го забрзаме овој процес изјави Жолт Бунфорт, специјален претставник за Западен Балкан на премиерот на Унгарија, Виктор Орбан.

Милошоски порача дека Унгарија безрезервно го поддржува проширувањето на Европската Унија, не само за Македонија туку и за целиот регион, кој, како што рече, предолго чека на исполнување на ветувањата дадени уште на Солунскиот самит во 2003 година.

Реклама

Билатералните односи се на одлично ниво, во политичка смисла на зборот, но исто така она што охрабрува е што во однос на можните инвестиции и заеднички проекти и зголемување на трговската соработка исто така постојат конкретни проекти, кои се веќе во тек на реализација, и мислам дека тоа ќе ја засили и трговската и стопанската врска помеѓу Македонија и Унгаријарече Милошоски.

Потпретседателот на Собранието,најави дека двете земји ќе продолжат со интензивна билатерална комуникација. Истовремено,откри дека Унгарија покажува интерес за влез на телекомуникацискиот пазар во земјава, додека паралелно се разгледуваат и заеднички проекти во енергетиката.