Реклама

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Авиосообраќајот урива рекорди – Визер воведува 7-ми авион во флотата во Скопје

Завршени се 40 проценти од пречистителната станица во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Македонија

Советот на Општина Делчево ја пушти во функција дигиталната платформа opstinskisovet.mk

Советот на Општина Делчево од денеска официјално ја пушти во целосна функција…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Советот на Општина Делчево од денеска официјално ја пушти во целосна функција новата дигитална платформа opstinskisovet.mk, со што четвртата редовна седница на Советот беше и првата електронска седница во историјата на општината.

Како што информира претседателот на Советот на Општина Делчево, Николчо Стојменовски, платформата е ставена во употреба по успешно спроведената обука на советниците и административниот тим и овозможува целосно дигитално водење на постапката, електронско доставување и објавување на материјалите, електронски дневен ред и електронско гласање.

– Со оваа платформа обезбедуваме целосна транспарентност, бидејќи сите документи, предлог-одлуки, извештаи и записници ќе бидат јавно достапни во реално време, како на платформата, така и на официјалната веб-страница на општината, www.delcevo.gov.mk, изјави Стојменовски.

Реклама

Тој нагласи дека дигитализацијата значително ќе придонесе за поголема ефикасност во работата на Советот, намалување на трошоците за печатење и дистрибуција, како и побрзо и пофлексибилно функционирање, особено во услови кога е можно одржување електронски седници.

Дополнително, преку платформата се овозможува и лесен пристап за граѓаните, кои ќе можат да се најават како гости, да ги прегледуваат материјалите, да ги следат седниците и навремено да се информираат за донесените одлуки.

– Ова е важен чекор кон модерна и дигитална локална самоуправа, во согласност со националните политики и заложбите за отворена и одговорна институција, истакна претседателот на Советот.

Од Општина Делчево информираат дека седниците и понатаму ќе се пренесуваат во живо преку официјалните канали на општината, а граѓаните се повикани уште од утре да ја посетат платформата opstinskisovet.mk и да се регистрираат како гости.