Реклама

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Кочанските оризари бараат откупна цена од 35 денари за килограм

Денеска ќе се знае дали ќе има епидемија во Гостивар: Водата не смее да се користи ниту за пиење, ниту за миење, ниту за капење…

Владата утре на состанок со трговците со храна, Мицкоски најави намалување на акцизите на горивата

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Македонија

Скопје домаќин на меѓународна конференција „Дијалог за единство и мир 2026“

Актуелните глобални предизвици и можностите за унапредување на меѓународната соработка, дијалогот и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Актуелните глобални предизвици и можностите за унапредување на меѓународната соработка, дијалогот и мирот ќе бидат во фокусот на дводневната меѓународна конференција „Дијалог за единство и мир 2026“ што денеска и утре се одржува во Скопје, на која ќе учествуваат поранеши шефови на држави, министри, дипломати, универзитетски професори, истражувачи, претставници на меѓународни организации, бизнис-лидери и млади од повеќе земји од Европа и Азија.

Во рамки на дводневната конференција, која е во организација на Кабинетот на поранешниот претседател на Македонија 2009–2019, д-р Ѓорге Иванов, Меѓународниот центар Алијанса на цивилизациите (ICAC) и Алумни асоцијацијата на Школата за млади лидери на претседателот Иванов (ISLAA), како што е најавено, ќе се одржат тематски панел дискусии посветени на предизвиците за меѓународниот мир, безбедноста и владеењето на правото, економскиот развој на Кина, регионалната поврзаност и соработката меѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа.

На свеченото отворање ќе се обратат Иванов, кој беше претседател на Македонија во периодот 2009–2019, Љупчо Димовски, заменик-претседател на Владата задолжен за политички систем, Џијанг Сјаојан, амбасадор на Народна Република Кина, како и претставник на Кинеската асоцијација за меѓународно разбирање (CAFIU).

Реклама

На првиот панел „Предизвиците за меѓународниот мир, безбедноста и владеењето на правото“, како што е најавено, заедно со поранешниот претседател Ѓорге Иванов, ќе учествуваат шефот на турската делегација во Парламентарното собрание на НАТО и поранешен министер за надворешни работи на Република Турција, Мевлут Чавушоглу, поранешниот претседател на Генералното собрание на Обединетите нации и поранешен министер за надворешни работи на Република Србија, Вук Јеремиќ, поранешниот министер за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Миро Ковач, и Ерик Ли, претседател на Центарот за Кина и глобализација, основач и претседател на Chengwei Capital, основач на Клубот Пекинг за меѓународен дијалог, политиколог и еден од најистакнатите кинески аналитичари за меѓународни односи, како и претседателот на извршниот одбор на Меѓународниот центар Алијанса на цивилизациите, Иван Иванов. 

Бројни професори, дипломати, истражувачи и претставници на академската, дипломатската и деловната заедница од Европа и Азија ќе земат учество на повеќе панели, посветени на економскиот развој и регионалната поврзаност и соработка меѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа, како и иднината на цивилизацискиот дијалог и културната размена, дигиталната трансформација, вештачката интелигенција, креативноста и човечкиот потенцијал, како и улогата на младите во свет на промени и неизвесност.