Реклама

Кулминира топлотниот бран во Грција – во Атина екстремна опасност од пожари

Рокас: ЕУ ве гледа како идна членка, но владеењето на правото останува бескомпромисен услов

Брисел со нови пофалби за Македонија: Додека опозицијата блокира, Владата засилено работи на реформите

Од пеколни температури и пожари, до свежо време и бури: екстремна промена на временските услови за само една година

Повеќе пари за земјоделството, социјалната заштита и капиталните инвестиции – ребалансот на буџетот оди во Собрание

Невремето откорна дел од кровот на болницата во Штип, сериозни штети има во Чешиново-Облешебо

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Авиосообраќајот урива рекорди – Визер воведува 7-ми авион во флотата во Скопје

Економија

Синдикалците утре на пладне ќе протестираат пред Стопанската комора

По Собранието, синдикалците се селат пред Стопанската Комора на Македонија, каде ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По Собранието, синдикалците се селат пред Стопанската Комора на Македонија, каде ќе продолжат со притисокот за минимална плата 600 евра и заголемување на сите плати за по 6000 денари. По идентичен рецепт како пред Парламентот и таму ќе го блокираат сообраќајот. Блокадата на крстосниците ќе почне точно на пладне

Дваесет и еден од нас, од членовите на органите и телата на синдикатите, утре во дванаесет часот ќе бидеме пред Стопанската комора и го повикувам работниците кои можат, кои ќе поминуваат, да ни се придружат макар и на пет минути, затоа што другите не бројат и тие мислат дека овие блокади, кои се таргетирани и наменски, се со по дваесет и еден човек на улица, само за да им покажеме дека не ни се потребни оние дванаесет илјади луѓе да ги блокираат, кои излегоа на дваесет и осми јануари со нас, рече Слободан Трендафилов, претседател на ССМ.

По коморите, од ССМ најавуваат блокада и пред Владата, а планираат и голем протест кој ќе го организирале во неработен ден. Нивниот притисок се зголемнува во пресрет на законското зголемување на минималната плата. Од март таа ќе се пресметува за околу 1700 денари повеќе.  

Реклама

Минималната плата во државава според законот изнесува 57% од просечно исплатената плата, што е подовар сооднос дури и од некои земји во Европската унија. Таа се пресметува по формула 50% од трошоците на живот и 50% од инфлацијата.