Реклама

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Парното во просек поскапува за 6%. За стан од 60 квадрати сметката поголема за 140 денари

Водовод Гостивар- Потрошени седум милиони евра, реконструкцијата не е завршена ни по една деценија, па друг им е виновен

Повеќе пари за земјоделството, капитални инвестиции, социјална заштита: Ребалансот на буџетот изгласан во Собранието

Студентските домови добиваат нов лик – голема реконструкција до октомври

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Економија

Синдикалците ја блокираа Владата и ги повторија барањата за повисоки плати во приватниот сектор

Со само 24 луѓе ССМ ја блокираше Владата, тројца повеќе од законскиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со само 24 луѓе ССМ ја блокираше Владата, тројца повеќе од законскиот минимум за остварување на правото на протест и затворање на сообраќајот.

Побараа министрите да истуркаат предлог законско решение за зголемување на минималната плата на 600 евра и зголемување на останатите плати од по 100 евра.

Првиот синдикалец Слободан Трендафилов изјави дека доколку се донесе ваква одлука тие повеќе нема да протестираат.

Реклама

Од Синдикатот прстот го упатија и до работодавачите, при што велат дека бизнисмените остваруваат големи профити, а слабо го плаќале трудот.

Според пресметките на Меѓународната организација на трудот кои ги цитираа само 17% од заработеното одело кај македонскиот работник, а дури 83% кај газдите.

„Главниот изговор, продуктивноста, која ја верглаат 35, 36 години во Македонија ги чинеше иселување на најквалификуваните работници во Македонија, и не само квалификуваните работници туку и нивните семејства.  Најголемите виновници, односно лушето кои се 36 години на некоја позиција можат да се сметаат себе за најголемите виновници за тоа што се случува во Македонија“, рече меѓудругото Трандавилов.

Од Синдикатот оставија простор до крајот на месецот да се одлучи за исполнување на барањата од страна на работдавачите. Во спротивно ќе следува генерален штрајк во неработен ден на кој ќе соберат што е можно поглем број работници кои ќе го изразат револотот и ќе покажат масовност на протестите.

Во текот на месец март, согласно закон треба да се донесе одлука за минималната плата на работниците, која согласно закон би била повисока за околу 1.700 денари од моменталната која изнесува нешто над 24.000 денари.