Реклама

По Скопје, на удар на „совршената бура“ беше и југоисточниот дел: Настрадаа Штип, Свети Николе и Пробиштип

По хаваријата со водоводот: Владата ветува брзо решение за Гостивар

Однесено со ветрот: Ден по силната бура Скопје полека се опоравува, се санираат и бројат штетите

Кулминира топлотниот бран во Грција – во Атина екстремна опасност од пожари

Рокас: ЕУ ве гледа како идна членка, но владеењето на правото останува бескомпромисен услов

Брисел со нови пофалби за Македонија: Додека опозицијата блокира, Владата засилено работи на реформите

Од пеколни температури и пожари, до свежо време и бури: екстремна промена на временските услови за само една година

Повеќе пари за земјоделството, социјалната заштита и капиталните инвестиции – ребалансот на буџетот оди во Собрание

Невремето откорна дел од кровот на болницата во Штип, сериозни штети има во Чешиново-Облешебо

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Македонија

Се гледа крајот на хаосот – Нови 150 еколошки автобуси и градски воз ќе го подобрат превозот во Скопје

Во 150 нови еколошки автобуси за година и пол ќе возат македонските…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во 150 нови еколошки автобуси за година и пол ќе возат македонските граѓани. До крајот на март ќе се знае фирмата која ќе ги испорача градските автобуси, од кои 100 ќе бидат за Скопје, а останатите 50 за другите градови каде што има градски превоз.  Министерствто за транспорт го распиша тендерот кој вклучува и 75 станици за полнење на автобусите.

Најповолниот понудувач има обврска да произведе и да испорача  30 автобуси во рок од 6 месеци, 60 автобуси за една година или вкупно 150 за година и пол.

  • Ова е дел од стратешкиот план за трансформација на градскиот сообраќаен систем и подигнување на економичноста на транспортната мрежа. Со оваа инвестиција  испраќаме јасна порака во борбата против аерозагадувањето и подобување на условите за граѓаните во делот на користење на јавниот превоз како долгорочна инвестиција во транспортниот сектор и јавните услуги“ – соопшти Министерството за транспорт. 

Со набавката на новите 100 автобуси, конечно ќе се воведе ред во јавниот градски превоз. Скопјани ја поздравуваат одлуката на Владата и градските власти за обновување на флотата на ЈСП и очекуваат старите и дотраени автобуси конечно да се тргат од улиците.

Реклама

Во моментов ЈСП располага со околу 180 автобуси, но поради честите дефекти и поправки, тие се недоволни за да ги задоволат потребите на скопјани.

Покрај набавката на новите автобуси, откочен е и проектот за Брз автобуски превоз (БРТ). Од Владата најавија дека е добиено писмо од Европската банка за обнова и развој, со што до март Град Скопје треба да формира проектна единица и да го измени планот за јавни набавки. Со кредитот за овој проект ќе бидат набавени дополнителни 30 автобуси, за што градоначалникот Ѓорѓиевски рече дека набрзо ќе се распише тендер. Скопјани велат дека со ставањето во функција на БРТ, времето на возење до посакуваните дестинации значително ќе се намали.

Анкета 2:

Скопјани оваа година ќе ја добијат и првата траса од градскиот воз. Рутата од Зелениково до Скопје ќе се поминува за 25 минути што дополнително ќе треба го олесни сообраќајниот хаос во главниот град.