Реклама

Водовод Гостивар- Потрошени седум милиони евра, реконструкцијата не е завршена ни по една деценија, па друг им е виновен

Повеќе пари за земјоделството, капитални инвестиции, социјална заштита: Ребалансот на буџетот изгласан во Собранието

Студентските домови добиваат нов лик – голема реконструкција до октомври

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Гостиварци може да здивнат – добија технички исправна вода

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Македонија

Се чистат спомен-обележјата во Кавадарци

Во Кавадарци започна акција за чистење и одржување на спомен-обележјата, по иницијатива…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Кавадарци започна акција за чистење и одржување на спомен-обележјата, по иницијатива на градоначалникот Митко Јанчев, информираа од неговиот кабинет.

Оттаму појаснија дека на иницијатива на Јанчев, од денеска започнуваат активности за чистење на спомен-обележјата во Кавадарци, со обезбедени соодветни материјали и средства за нивно одржување. Во рамки на акцијата, во тек е чистење на спомен-обележјето Костурница во градскиот парк, при што се отстрануваат графити и други несоодветни оштетувања.

– Активностите се реализираат во соработка со Територијалната противпожарна единица и Јавното претпријатие „Комуналец“, со заедничка цел – зачувување на достоинството и значењето на овие обележја. Како локална самоуправа, посветено се грижиме за заштита на спомен-обележјата, историјата и културното наследство, оставајќи ги како вредно сведоштво за идните генерации, подвлекоа од градоначалничкиот кабинет.