Реклама

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Муцунски: Нема промена на македонските позиции

Вардар се исчисти од белата пена – се чекаат резултатите од испитувањата

Гостиварчани да бидат потрпеливи, се работи на отстранување на проблемот – потребно е подолго време да се нормализира состојбата

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Нов член на Владата: Зејнула избран за министер без ресор, СДСМ гласаше против, иако немале ништо лично против него

Продолжува опремувањето на македонските касарни, во прилепската – изграден воен хангар во вредност од 10,5 милиони денари –

Македонија

Ристески: Ако СДСM беше сериозна партија, немаше да си дозволи ваква деструктивност и ќе беше дел од лидерската средба 

Петар Ристески, пратеник во Собранието од ВМРО-ДПМНЕ, каде што се осврна на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Петар Ристески, пратеник во Собранието од ВМРО-ДПМНЕ, каде што се осврна на темата за лидерската средба, која се одржа вчера и на која присуствуваа лидерите на сите политички партии, освен СДСM, а која беше свикана од страна на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Владата. Како што рече тој, местото на лидерот на опозицискиот СДСM беше исто така на таа маса затоа што во државата е потребна конструктивна опозиција, а доколку СДСM е сериозна партија, според него, нема да си дозволи да води ваква деструктивна политика, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

– Мене ми е драго што денес, конечно, видовме една ваква конструктивна средба, видовме кога сите лидери на параламентарните политички партии седнаа на иста маса, освен СДСM, и покажаа дека во Република Македонија може да се отвори нормален дијалог, нормална дебата за важни политички и економски прашања. Мислам дека ова е вистинскиот начин, тоа го изјави и претседателот на Владата – дека овие средби ќе продолжат, ќе продолжи да се разговара за сите клучни прашања во државата – истакна Ристески.

Тој смета дека многу е важно тоа што сите лидери на политичките партии беа повикани на разговор, а местото на претседателот на СДСM требаше да биде на оваа маса доколку, како што вели Ристески, е сериозен лидер.

Реклама

– Местото денес на претседателот на СДСM, ако е сериозна политичка партија и сериозен лидер, беше заедно на масата со сите политички лидери, да го искаже своето задоволство, незадоволство, да предложи законски решенија, како што тоа го направија и другите лидери на политичките партии – посочи Ристески и додаде:

„Сите политички партии, но и сите политички аналитичари, независни, рекоа дека на СДС местото денес беше на таа маса бидејќи само СДСM како сериозна политичка партија не смее да си дозволи ваква деструктивност“.