Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

Проштална средба на Гаши со американската амбасадорка Агелер

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска ќе оствари проштална средба со амбасадорката…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска ќе оствари проштална средба со амбасадорката на САД, Анџела Агелер.

Агелер својата дипломатска мисија во земјата ја почна во ноември 2022 година. Таа во декември се најде во фокусот на јавноста не поради протоколарниот крај на мандатот, туку поради политичката одлука од Вашингтон. Американската амбасада тогаш потврди дека таа е меѓу дипломатите што ќе бидат повлечени во пакет, што медиумите го поврзаа со одлука на администрацијата на Доналд Трамп да отповика речиси 30 амбасадори, најголем дел кариерни дипломати, именувани од претходната администрација. 

Агелер е дипломат од кариера, која не беше првпат во Македонија. Таа претходно беше службеник за односи со јавноста во американската амбасада во Скопје, и тоа од 2011 до 2014 година. Потоа работела и како аташе за култура и печат на Амбасадата во Ханој, Виетнам, портпарол на Бирото за конзуларни прашања при Стејт департментот, конзул и врска со американската заедница во Амбасадата на САД во Париз,Франција, и вицеконзул и заменик-аташе за печат во Њу Делхи, Индија.

Реклама

Пред да ѝ се приклучи на Службата за надворешни работи во 1998 година, Агелер работеше за Стејт департментот во амбасадите на САД во Уагадугу, Буркина Фасо, и во Будимпешта, Унгарија, како и во Генералниот конзулат во Мадрас, Индија.