Реклама

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

„Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега – локалната власт ќе ја прошири поддршката за фестивалот

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Откако се „потрошија“ водејќи инает со власта за изборните правила, СДСМ и Левица се испокараа меѓу себе

Нов случај на врсничко насилство – девојче од Куманово тепано и понижувано

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Македонија

Приведени двајца алкохолизирани тиквешани, едниот возел и без возачка, а друг се расправал со полицајци

Приведени биле двајца алкохолизирани тиквешани, едниот возел и без возачка, а друг…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Приведени биле двајца алкохолизирани тиквешани, едниот возел и без возачка, а друг се расправал со полицајци, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

-Утрово во 02:30 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода С.Р.(24) од село Бојанчиште, кавадаречко. При сообраќајна контрола, на улица „Слога“ во Кавадарци, било сопрено патничко возило „форд“ со велешки регистарски ознаки, управувано од С.Р. и по преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека возилото го управувал пред да се стекне со право на управување за Б категорија и под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1.88 промили алкохол во крвта, појаснија од СВР – Велес.

Половина час подоцна, во 02:50 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР – Неготино го привеле Р.С.(21) од Неготино.

Реклама

-При сообраќајна контрола, на булевар „Маршал Тито“ во Неготино, било сопрено патничко возило „фиат“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Р.Л.(22) од Кавадарци, а сопатник бил Р.С. и откако било побарано да се легитимира, Р.С. агресивно се однесувал и ги омаловажувал полициските службеници кои извршувале службени дејствија. По преземени мерки било констатирано дека тој бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1.83 промили алкохол во крвта, соопштија од СВР – Велес.

Како што информираа оттаму, двајцата биле задржани во полициска станица и по документирање на настаните, против нив ќе биле поднесени соодветни пријави.