Реклама

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

5,4 милиони евра за 1400 нови вработувања

Мицкоски: Од понеделник се намалуваат акцизите за горивата, се бараат начини да поевтини струјата

Државата плаќала, Мирчевски приватно летал и се возел – обвинение за екс-директорот на СОЗР

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Економија

Преговорите за решавање на проблемот на транспортерите за влез и излез од ЕУ се одвиваат добро, вели Николоски

Министерот за транспорт Александар Николоски вели дека преговорите за решавање на проблемот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за транспорт Александар Николоски вели дека преговорите за решавање на проблемот на транспортерите по воведувањето на ЕЕС системот за влез во ЕУ одат добро и оти до 30 септември кога тој треба да почне да се применува за македонските транспортери има време да се завршат сите процедури.

Министерот за транспорт и врски Александар Николоски вели дека преговорите за решавање на проблемот на транспортерите по воведувањето на ЕЕС системот за влез во ЕУ одат добро и оти до 30 септ

-Преговорите одат добро. Значи во делот на камиони и во делот на автобуси системот ќе почне да се применува од 30  септември. Значи веќе добивме одложување. Тоа е доволен период да се завршат сите процедури. Одиме на долгорочни визи. Швајцарија веќе ги воведе и веќе се издаваат. Во Хрватска законот е во Саборот. Очекуваме за неколку седмици да биде усвоен. Во Романија влезе во процедура. Во Унгарија добивме ветување при последната посета дека по завршување на изборите и формирање на Парламентот, исто така ќе влезе во процедура законот, рече вицепремиерот Николоски во одговор на новинарско прашање по увидот во градежните работи на изградбата на првата делница од „Градскиот воз“.

Тој најави дека во втората половина на април македонска делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски ќе одат во Австрија, каде на средбите ова ќе биде една од главните точки.

Реклама

-Останува уште Германија и со тоа главните рути на македонските транспортери се решени. Сега како следната голема рута е Велика Британија, но имајќи предвид дека таа е надвор и од Европската унија и од Шенген зоната, таму има посебни правила кои што и досега се применуваа, рече вицепремиерот  и министер за транспорт Николоски.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: