Реклама

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Собранието оддаде почит на жртвите од Сребреница

Побрз транспорт на стока во ЕУ преку Хрватска

ВМРО-ДПМНЕ фрли ракавица на СДСМ и Левица: Ќе прифатат се што ќе понуди опозицијата, само да гласа дијаспората

Николоски: Работиме на железничко поврзување на Македонија со Албанија и воведување меѓуградски возови

Ниски политички удари во Собранието- Битиќи ги навреди сметководителите, во обид да ја омаловажи министерката за финансии

Рекорден раст – речиси два милиони патници на македонските аеродроми во првите шест месеци од годинава

Македонија

Поставени контејнери за текстилен отпад во општина Василево

На пет локации во Општина Василево се поставени контејнери за собирање на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На пет локации во Општина Василево се поставени контејнери за собирање на текстилен отпад, од кои три во населеното место Василево и по еден во селата Ангелци и Нова Маала, соопштија од локалната самоуправа. 

Во изјавата на градоначачлникот на Василево, Славе Андонов,  се наведува дека оваа активност е во соработка со компанијата „Еко -текст груп“ ДООО Скопје.

-Општина Василево воспоставува функционален и одржлив систем за селектирање и рециклирање на текстилен отпад. Контејнерите се поставени претежно пред основните училишта и градинките, со што проектот добива и силна едукативна димензија. Целта е кај најмладите да се развива еколошка свест и чувство на одговорност кон животната средина уште од најрана возраст. Со вакви практични решенија правиме конкретен чекор кон почиста околина, намалување на отпадот,  одржливо управување со ресурсите и подобар квалитет на живот за сите граѓани, стои во објавата на градоначалникот.

Реклама

Се додава дека текстилниот отпад е една од заканите за животната средина во нашето секојдневие, која бара итно решавање, а Општина Василево со овој чин практично се вклучува во борбата за зачување на животната средина и поквалитетен живот за сите граѓани во заедницата.