Реклама

По Скопје, на удар на „совршената бура“ беше и југоисточниот дел: Настрадаа Штип, Свети Николе и Пробиштип

По хаваријата со водоводот: Владата ветува брзо решение за Гостивар

Однесено со ветрот: Ден по силната бура Скопје полека се опоравува, се санираат и бројат штетите

Кулминира топлотниот бран во Грција – во Атина екстремна опасност од пожари

Рокас: ЕУ ве гледа како идна членка, но владеењето на правото останува бескомпромисен услов

Брисел со нови пофалби за Македонија: Додека опозицијата блокира, Владата засилено работи на реформите

Од пеколни температури и пожари, до свежо време и бури: екстремна промена на временските услови за само една година

Повеќе пари за земјоделството, социјалната заштита и капиталните инвестиции – ребалансот на буџетот оди во Собрание

Невремето откорна дел од кровот на болницата во Штип, сериозни штети има во Чешиново-Облешебо

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Економија

Почнаа вонредните контроли на фирмите што произведуваат медицински канабис, ќе се проверуваат 43 лиценци

Министерот за здравство Азир Алиу денеска соопшти дека почнаа контролите на сите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за здравство Азир Алиу денеска соопшти дека почнаа контролите на сите фирми за производство на медицински канабис. Како што рече на прес-конференција, ќе мора да се проверуваат 43 лиценци. 

Донесена е, потсети Алиу, и владина одлука за именување членови на меѓуресорската комисија.

– Од денеска почнуваат вонредните контроли заедно со МВР. Најверојатно, додека трае оваа прес-конференција, колегите се на терен. Ќе мора да се проверуваат 43 лиценци за производство на медицински канабис. Завчера на владина седница се донесе одлука за именување членови на меѓуресорската комисија. Човек од Министерството за здравство (МЗ) ќе раководи со неа. Била формирана во 2017 година, а не најдовме ниеден извештај од нејзината работа иако е една од клучните за да имаме увид што се случува во однос на производството на канабис за медициснки цели – истакна министерот.

Реклама

Алиу објасни дека засега има две комисии, едната составена од Министерството за здравство, која работи во континуитет, и уште една – меѓуресорска.

– Едната комисија ја формира МЗ, брои пет члена – двајца од Министерството, еден од Институтот за јавно здравје, еден од МАЛМЕД и еден од МЗШВ, а надлежна е за две работи – да ги анализира административните процедури и да дава согласност за лиценци. Оваа комисија си работи во континуитет и имаме информација колку предмети се архивирани. Другата е меѓуресорската, со многу пошироки ингеренции, која ги анализира политиките за овој тип на процеси. Меѓуресорската е според Законот за Владата и мислам дека има 13 члена. Формирана е во 2017 година, била активна од тогаш, но нема ниеден извештај, нема активности што укажуваат на некој пропуст – системски или од аспект на инфраструктурата. Во однос на правилниците, има два – еден стар и уште еден. Нашите експерти од Министерството за здравство и двајца универзитетски професори ги анализираа. По анализите, ако има потреба, ќе излеземе со постапка за правилниците – истакна министерот.

Алиу информира дека во вторникот на владина седница побарал законски измени што ќе му овозможат на министерот во вакви случаи да има ингеренции да формира повеќе од една комисија.

– Една комисија сега ќе треба да направи анализа и да доставува извештаи. Кога се составува закон, мора да се направи и инфраструктура за имплементација на тој закон – истакна Алиу.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: