Реклама

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Парното во просек поскапува за 6%. За стан од 60 квадрати сметката поголема за 140 денари

Водовод Гостивар- Потрошени седум милиони евра, реконструкцијата не е завршена ни по една деценија, па друг им е виновен

Повеќе пари за земјоделството, капитални инвестиции, социјална заштита: Ребалансот на буџетот изгласан во Собранието

Студентските домови добиваат нов лик – голема реконструкција до октомври

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Прилози

Почеток на ЕП за Македонија – избраниците на Лазаров на мегдан со Данска

Може ли Македонија да ја победи Данска по втор пат? Може ли…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Може ли Македонија да ја победи Данска по втор пат? Може ли Кире Лазаров повторно да ја предводи фалангата до нов успех против олимпискиот и светски шампион, како оној пред пет години на неговото селекторски деби. Дилемите ќе ги разрешиме вечерва против Олимпискиот светски шампион Данска.

Најдобриот европски стрелец Кире Лазаров, знае како против фаворитот, знае и како да победува, но и нема преголеми очекување за почетно изненадување на турнирот.

„Го играме првиот натпревар против најдобриот тим во светот во последните 10 години, Данска. Нема потреба да трошиме зборови за нивниот тим и да ги повторуваме истите работи. Многу сме возбудени што ќе играме против нив. Тие се дома, тоа ќе биде многу тешко за нас, но немаме што да изгубиме во овој натпревар и ќе се обидеме да уживаме во него“, изјави Кире Лазаров.

Реклама

Македонската јавност е свесна за силата на вечерашниот противник.

Ретко кој очекува изненадување, но Кире Лазаров знае како да се победи Светскиот и Олимписки шампион. На дебито како селектор, успеа да ја победи Данска со 33:29, со што најави дека новата репрезентација може да продолжи да ги следи успесите на своите претходници.

Македонија осми пат по ред игра на европските првенства, подвиг кој им успеал на само мал дел репрезентации од европскиот крем. Со континуитетот, Македонија покажува дека има сила да се носи со најдобрите, а второто коло се очекува да биде клучно за остварување на зацртаното, пласман меѓу најдобрите 12 на стариот континент.

Португалија ќе ни биде противник за два дена, натпревар кој ќе треба да се добие ако сакаме да го подобриме пласманот од претходнот Европско првенство, кога завршивме на 17-то место.