Реклама

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Кочанските оризари бараат откупна цена од 35 денари за килограм

Денеска ќе се знае дали ќе има епидемија во Гостивар: Водата не смее да се користи ниту за пиење, ниту за миење, ниту за капење…

Владата утре на состанок со трговците со храна, Мицкоски најави намалување на акцизите на горивата

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Македонија

Петрушевски: Отпорот на ВМРО-ДПМНЕ не ја дозволи изградбата на бетонската џунгла на Дака во Тетово

Отпорот на ВМРО-ДПМНЕ не ја дозволи изградбата на бетонската џунгла на Дака…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Отпорот на ВМРО-ДПМНЕ не ја дозволи изградбата на бетонската џунгла на Дака во Тетово. На местото на ШИК Јелак во Тетово, Заев и Ахмети му договорија на прорускиот бизнисмен Дака да гради 2.000 станбени единици, деловни простории и трговски центри, чија вредност надминуваше над 200 милиони евра, истакна на денешната прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Фирмата „Јелак Градба’’ го купува просторот на поранешниот гигант ШИК Јелак, која е во сопственост на прорускиот бизнисмен Дака.

СДСМ и ДУИ, овој имот којшто е државен, го ставиле на продажба за Дака по дури четири пати пониска цена.

Реклама

На пример, објект од 198 квадрати на Фондот за здравствено осигурување бил процент на 122 илјади евра, а бил продаден за 34 илјади евра.

За друг објект на фондот од 2359 квадрати, проценет на речиси милион и пол евра, продаден за 400 илјади.

Министерството за финансии имало објект од 5021 квадрат. Иако проценет на над 3 милион евра, Дака станал сопственик за околу 730 илјади евра.

Агенцијата за вработување за објект од 165 квадрати наплатила околу 24 илјади евра, иако вредел 100 илјади.

За да не дојде до бетонска џунгла во Тетово, ВМРО-ДПМНЕ го блокираше овој криминален проект на Дака, одобрен од страна на СДСМ и ДУИ.

ВМРО-ДПМНЕ секогаш работело во интерес на граѓаните. СДСМ и ДУИ работат во интерес на бизнисите, тендерите и процентите. Затоа се во длабока опозиција.