Реклама

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Парното во просек поскапува за 6%. За стан од 60 квадрати сметката поголема за 140 денари

Водовод Гостивар- Потрошени седум милиони евра, реконструкцијата не е завршена ни по една деценија, па друг им е виновен

Повеќе пари за земјоделството, капитални инвестиции, социјална заштита: Ребалансот на буџетот изгласан во Собранието

Студентските домови добиваат нов лик – голема реконструкција до октомври

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Гостиварци може да здивнат – добија технички исправна вода

Прилози

Пауза за иселување кон САД, останатите визи отворени

Македонските граѓани и понатаму ќе можат да патуваат во Соединетите Американски Држави…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонските граѓани и понатаму ќе можат да патуваат во Соединетите Американски Држави туристички, студентски или преку work and travel програми. Новите рестрикции од Вашингтон не ги засегаат овие категории, потврдуваат од Министерството за надворешни работи.

Иако Стејт департментот воведе пауза во обработката на имигрантските визи за 75 држави, меѓу кои и Македонија, тоа не значи забрана за патување или ограничување за туристички и краткорочни влезни визи.

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски уверува дека нема промени за најчестите типови патувања.

Реклама

„Доколку сте студент кој сака да студира во САД или доаѓате на work and travel — ова не значи дека има пречка за вас. Доколку сакате туристички да патувате, да присуствувате на настани во САД — исто така ќе можете да патувате туристички и оваа одлука нема да има никакво влијание врз вас. Ова влијае единствено врз иселеничките визи, кои се во најмал обем во делот на апликации од нашата држава.“

Во политичкиот дел, САД донесоа одлука за привремено стопирање само на имигрантските визи — визи за долгорочен престој и иселување. Министерството во Скопје нагласува дека се работи за прашање што не е поврзано со туристичкиот сообраќај, туку со имиграциската политика на администрацијата во Вашингтон.

Муцунски направи споредба со трговските тарифи — тема за која државата, како што рече, исто така се соочувала со критики, но сепак успеала да постигне поволни услови.

„Кога излегуваа податоците за тарифите, слушавме критики дека сме вброени меѓу земјите со највисоки тарифи. Но потоа, кога издејствувавме да бидеме меѓу земјите со најниски тарифи, истите тие критичари не ги слушавме. Дајте да видиме и по прашањето на визите — исходот во следниот период. Ние сме проактивни и нашите граѓани не треба да се грижат.“

Од Министерството оценуваат дека приоритет остануваат условите за бизнис-секторот, научниците, туристите и студентите, за кои нема промена во политиката на САД.

Министерот за надворешни работи, на новинарско прашање во врска со визната либерализација и привремената пауза за иселенички визи кон САД, порача дека се очекува засилена комуникација со американските власти и потенцијални позитивни процеси во следните шест месеци.

Стејт департментот на САД воведе пауза на обработката на имигрантски визи за 75 држави, почнувајќи од 21 јануари 2026 година. Одлуката е донесена со цел засилена контрола на апликантите кои, според американските власти, можат да станат „јавен товар“ односно да зависат од јавни бенефиции. Во интерен меморандум е наведено дека конзуларните службеници добиле насока да ги одбиваат апликациите согласно постојното законодавство. Мерката се вклопува во имиграциската политика на администрацијата на Доналд Трамп, најавена уште во ноември 2025 година.

Паузата се однесува само на имигрантски (долгорочни) визи, додека туристичките, студентските и другите неимигрантски визи не се засегнати. На листата е и Македонија, што значи застој за оние кои аплицираат за преселување и постојан престој во САД. Засега нема информации колку ќе трае мерката. Апликантите можат да закажуваат интервјуа, но визи нема да се издаваат во периодот на пауза. Исклучок постои за лица со двојно државјанство ако аплицираат со пасош на земја што не е на списокот. Веќе издадените имигрантски визи остануваат важечки и не се поништени.