Реклама

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Парното во просек поскапува за 6%. За стан од 60 квадрати сметката поголема за 140 денари

Водовод Гостивар- Потрошени седум милиони евра, реконструкцијата не е завршена ни по една деценија, па друг им е виновен

Повеќе пари за земјоделството, капитални инвестиции, социјална заштита: Ребалансот на буџетот изгласан во Собранието

Студентските домови добиваат нов лик – голема реконструкција до октомври

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Свет

Орбан: Ќе ги употребиме сите средства за да ја принудиме Украина да продолжи да испорачува руска нафта

Унгарија ќе ги употреби „сите мерки и средства“ што и се на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Унгарија ќе ги употреби „сите мерки и средства“ што и се на располагање за да ја принуди Украина да продолжи да испорачува руска нафта, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.

– Го запревме … извозот на дизел во Украина, сè уште го одржуваме извозот на електрична енергија. Ќе ги запреме транзитните пратки што минуваат низ Унгарија, кои се важни за Украина … сè додека не добиеме одобрение од Украина за испорака на нафта, наведе Орбан.

Тој повторно го обвини Киев дека ја уценува Унгарија. Според него, нема технички проблеми со нафтоводот „Дружба“ за да овозможи достава на руска нафта.

Реклама

– Имаме договор со Русите, редовно плаќаме, а Украина со меѓународен договор се обврза дека ќе дозволи трансфер на нафта. Ова е однесување на бандити: тие преземаат меѓународна обврска во меѓународен договор, а потоа не ја почитуваат за да ја уценуваат Унгарија. Она што се случува денес е државен бандитизам и ние мора да најдеме соодветни мерки за тоа, посочи Орбан.

Тој додаде дека не може Украина да ја уценува Унгарија, а да очекува Будимпешта во Брисел да носи финансиски одлуки за поддршка на Киев.

– Украинците побрзо ќе остане без пари отколку Унгарија без нафта, потенцира Орбан.

Украинската Влада синоќа ја обвини Унгарија дека држи група украински банкарски службеници како „заложници“. Според Киев, тие транспортирале „35 милиони евра и 9 килограми злато“ низ Унгарија.