Реклама

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Мицкоски бара одговорност за Гостивар

Уапсени директорката и менаџментот на гостиварски „Комуналец“

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Македонија

Општина Куманово најавува постепена адаптација на инфраструктурата за лица со попреченост

Дел од јавните институции и тротоари во Куманово сè уште не се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дел од јавните институции и тротоари во Куманово сè уште не се адаптирани за лицата со телесен инвалидитет, а општината во моментов нема доволно финансиски средства за целосна адаптација на постојната инфраструктура, информираше градоначалникот Максим Димитриевски.

-Немаме пристапни рампи во сите јавни институции. Тоа е сериозен финансиски зафат бидејќи има голем број на училишта коишто немаат пристапни рампи- рече Димитриевски.

Според него, во оваа фаза целосно пристапна е само новоизградената инфраструктура, додека постојната ќе се адаптира постепено, во рамки на можностите.

Реклама

-Со овие расположливи средства сме во можност да градиме пристапни тротоари и рампи само таму каде што се гради нова инфраструктура, што впрочем и го правиме- кажа градоначалникот.

Тој посочи дека дел од училиштата веќе презеле иницијатива и со сопствени средства изградиле пристапни рампи.

-Се обидуваме таму каде што самите училишта имаат средства да изградат рампи, како што е случајот со гимназијата „Гоце Делчев“, техничкото, економското училиште и неколку основни училишта- додаде Димитриевски.

Во однос на постојната инфраструктура, градоначалникот појасни дека интервенциите се сложени и скапи, бидејќи бараат раскопувања на веќе изградените површини.

-За да спуштите еден тротоар на раскрсница, треба да раскопате од осум страни тоа што веќе е изградено. Тоа значи уништување на постојната инфраструктура за да се обезбедат функционални рампи- обајсни Димитриевски

Тој се осврна и на претходни активности за спуштање на тротоарите на дел од улиците, оценувајќи дека тие не дале соодветни резултати. Од општината информираат дека се во комуникација со здруженија на лица со инвалидитет, од кои добиле одредени предлози, но засега нема конкретен план за целосна адаптација.