Реклама

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Парното во просек поскапува за 6%. За стан од 60 квадрати сметката поголема за 140 денари

Водовод Гостивар- Потрошени седум милиони евра, реконструкцијата не е завршена ни по една деценија, па друг им е виновен

Повеќе пари за земјоделството, капитални инвестиции, социјална заштита: Ребалансот на буџетот изгласан во Собранието

Студентските домови добиваат нов лик – голема реконструкција до октомври

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Македонија

Обвинителство: Околу 65 килограми марихуана запленети кај Градско, истрага против две лица

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничените, како што соопшти денеска Обвинителството, заеднички вршеле недозволен транспорт на околу 65 килограми марихуана, а биле откриени на наплатната рампа Стоби, во близина на Градско.

-Првиот осомничен, 38-годишен скопјанец, со автомобил со скопски регистарски ознаки ја пренесувал дрогата спакувана во четири големи црни патни торби. Вториот, 55-годишен жител на Кавадарци, во улога на „чистач” односно претходница со друго возило имал задача да предупреди за евентуални контроли, се наведува во соопштението.

Реклама

На наплатната рампа полициски службеници забележале сомнително движење на автомобилот во кој била дрогата, а возачот на даден знак да застане за легитимирање, со голема брзина се дал во бегство кон Градско. Сепак, полицајците успеале да го стигнат и извршиле преглед на возилото каде ја пронашле марихуаната.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Велес достави предлог за определување мерка притвор за првиот осомничен.