Реклама

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Дукоски по последната пресуда од Стразбур за Атанасовски: Уште еден доказ за ударите врз правната држава

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

Прилози

ОЈО го проверува секој детал за трагедијата во Карпош

Се собираат материјални и вербални докази, се сослушуваат сведоци – Основното јавно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се собираат материјални и вербални докази, се сослушуваат сведоци – Основното јавно обвинителство Скопје води ги собира сите можни информации за целосно расчистување на трагедијата во која животот го загубија мајка и ќерка при пад од зграда во Карпош.

Од Обвинителството информираат дека во тек е обемна постапка за обезбедување докази. Секој детал се проверува. Секое сведоштво се документира. Целта е како што велат од ОЈО, да се утврди кои се причините што довеле до трагичниот исход.

„Постапката за обезбедување докази е во тек, интензивно се преземаат дејствијата наредени од јавниот обвинител. За тоа време лицето е обезбедено со краткотраен притвор.Во моментов не можат да се споделуваат детали, велат од Обвинителството за Алфа.

Реклама

Во меѓувреме, судот му определи 48 часовен притвор на Стојанче Јовановски, мажот чија жена и ќерка загинаа. Оттаму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна за истрагата, со цел да се обезбедат докази.

Јовановски е осомничен за наведување на самоубиство, нанесување на тешки телесни повреди и за загрозување на сигурноста.

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека во изминатите години против осомничениот биле поднесени 10 кривични пријави за насилен криминал, имотни деликти и трговија со дрога, при што му биле изрекувани мерки на претпазливост. Сега се истражува и дали полицијата соодветно постапувала во конкретниот случај.

И покрај измените во Кривичниот законик, кои овозможуваат гонење на насилник и без согласност на жртвата, од МВР најавуваат дека дополнително ќе се утврдува дали повлекувањето на претходните изјави од страна на жртвата било под евентуална присила..

По трагедијата во Карпош, министерството за внатрешни работи најавува построг пристап кон сите пријави за семејно насилство..

Министерот Тошковски вчера кажа дека секој што ќе биде посочен како можен сторител – без разлика дали станува збор за маж или жена – ќе биде повикан на информативен разговор во полициска станица, дури и при најмал сомнеж.