Реклама

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

„Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега – локалната власт ќе ја прошири поддршката за фестивалот

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Откако се „потрошија“ водејќи инает со власта за изборните правила, СДСМ и Левица се испокараа меѓу себе

Нов случај на врсничко насилство – девојче од Куманово тепано и понижувано

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Македонија

НОВИ „БОМБИ“: Заев си го смета СДСМ за приватна сопственост и не му требал Бранко, се фали и колку е богат

Зоран Заев си го смета СДСМ за приватна сопственост, барем такво нешто…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Зоран Заев си го смета СДСМ за приватна сопственост, барем такво нешто се слуша во последната „бомба“, објавена на Јутјуб каналот „Бране капитал“. Човекот кој според објавувачот на аудио материјалот е лидерот на СДСМ, вели дека сам ја финансирал партијата, а во неа не му требале луѓето на Бранко Црвенковски.

ЗОРАН ЗАЕВ: Јас го презедов Ес-Де-Ес и јас го финансирам сам Ес-Де-Ес, не ми треба ни Бранко, ни луѓето на Бранко.  Го терам сам. Да заврши едно миље на Бранко целосно во СДС.

ХХ: Како ќе заврши?

Реклама

Зоран Заев: Како? Он нема никакво влијание во СДСМ.

ХХ: Он нема влијание во СДСМ?

Зоран Заев: Бранко…

ХХ: Зоки многу го потценуваш човекот.

За разлика од ваквиот став, Заев кога дојде на чело на СДСМ, најавуваше дека во партијата ќе има место за сите, без разлика дали биле во претходното раководство на партијата или не. Доказ дека Заев го исполнил она што го зборува во „бомбата“ е што повеќе во СДСМ не се активни видни ликови од минатото, најмногу од она т.н. скопско крило, како Зоран Јовановски, Емилијан Станковиќ, Гордан Георгиев, Андреј Петров и многу други. Во другата аудио „бомба“ за која објавувачот тврди дека се слуша гласот на Заев, лидерот на СДСМ се фали колку бил финансиски моќен.

ХХ: Што се милион за тебе…

ЗОРАН ЗАЕВ: Јас имам осум и пол милиони евра капитал.

Пред неколку дена Зоран Заев тврдеше дека не знаел ниту да напише милионски суми, но после денешната бомба сигурно е дека знае како да ги изговори.

-Овие 4 милиони 6 милиони 8 милиони јас вие веројатно не знаеме ниту да ги напишеме. И тоа грозотијата сама по себе кажува колку со леснотија ги спомнуваат тие милионите, изјави Заев.

На Јутјуб каналот „Обнова на режимот“ денеска беа објавени и две нови бомби за опозицијата. Според објавувачот таму се слушаат гласовите на Игор Јанушев и Миле Јанакиески. Во едниот разговор тие координираат списоци на гласачи кои треба да гласаат за нивната партија. Додека во другиот зборуваат за списоци на вработени кои треба да гласаат на избори.

Матеја Петровски