Реклама

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Парното во просек поскапува за 6%. За стан од 60 квадрати сметката поголема за 140 денари

Водовод Гостивар- Потрошени седум милиони евра, реконструкцијата не е завршена ни по една деценија, па друг им е виновен

Повеќе пари за земјоделството, капитални инвестиции, социјална заштита: Ребалансот на буџетот изгласан во Собранието

Студентските домови добиваат нов лик – голема реконструкција до октомври

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Македонија

„Нов живот за езерото“ – еко акција за чистење на дното на Охридското Езеро во Радожда 

Под мотото „Нов живот за езерото“ на 31 мај годинава во селото…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Под мотото „Нов живот за езерото“ на 31 мај годинава во селото Радожда ќе се одржи четвртата подводна еко акција во организација на нуркачките клубови „Езерски пулс“ и „Скаут“ од Струга.

– Оваа година, на акцијата ќе учествуваат над 120 нуркачи од речиси сите нуркачки клубови од Македонија, како и гости од Србија и Хрватска. Главната цел е чистење на подводниот и крајбрежниот дел на Охридското Езеро, како и подигнување на јавната свест за заштита на животната средина, соопштија организаторите.

Со иницијативата, нагласуваат, се придонесува кон зачувување на исклучителната вредност на езерото и неговиот екосистем, како и исполнување на обврските за негова долгорочна заштита.

Реклама

– Особено значење на оваа акција дава фактот што Охридскиот Регион е под заштита на УНЕСКО како светско природно и културно наследство. Еко акцијата претставува значаен регионален настан кој обединува професионалци и ентузијасти со заедничка мисија – зачувување на природните богатства, додаваат организаторите. 

Упатуваат повик до сите професионални нуркачи волонтери кои сакаат да се приклучат на акцијата, како и до општествено одговорни компании да ја поддржат иницијативата и да придонесат кон заштита на животната средина.