Реклама

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Економија

Николоски: Воведовме 23 нови линии, имаме рекорден број патници, очекувам годинава да надминеме над 4 милиони

Од изборот на Владата до денес имаме нови 23 директни летови, на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од изборот на Владата до денес имаме нови 23 директни летови, на охридскиот и на скопскиот аеродром поминаа 3,5 милиони патници, оваа година скопскиот аеродром очекувам да биде лидер во регионот со раст и да надминеме 4 милиони патници, вели вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски коментирајќи ги владините политики во авиосообраќајот. 

Како што информира Министерството за транспорт, тој нагласува дека како Влада почнале сериозна политика на привлекување нови авиолинии и авиокомпании имајќи предвид дека Македонија нема излез на море и аеродромите се наш единствен излез и тука да доаѓаат повеќе туристи и повеќе луѓе за бизнис и можност македонските граѓани да патуваат.

Од изборот на Владата до денес имаме нови 23 директни летови, охридскиот и скопскиот аеродром поминаа 3,5 милиони патници, оваа година скопскиот аеродром очекувам да биде лидер во регионот со

– Она на што е гордеам е дека од изборот на Владата до денес имаме нови 23 директни летови, односно авиолинии, последни се овие кон Алгеро – Сардинија и Палермо – Сицилија. Она што ми е драго е што на двата аеродорма, охридскиот и скопскиот, поминаа 3,5 милиони патници. Ако видите дека Македонија има 1,8 милион жители, тогаш јасно е дека далеку е над бројот на населението што го имаме и ако некои спинуваа, оваа година скопскиот аеродром ќе биде лидер со раст во регионот на поранешна Југославија, што е гордост, имајќи предвид дека и Загреб, и Сараево, и Белград се поголеми градови од Скопје, што е додадена вредност – вели вицепремиерот Николоски.

Реклама

Тој додава дека се почнати директни разговори со Саудиска Арабија за воспоставување воздушен сообраќај меѓу двете земји, што дополнително ќе се прошири мрежата на летови за Македонија. 

– Очекувам и од таму да објавиме директни летови до скопскиот и од охридскиот аеродром и ќе продолжиме со оваа политика на стимулирање авиолинии. Очекувам оваа година да поминеме 4 милиони патници, што ќе е апсолутен рекорд – истакнува вицепремиерот Николоски.