Реклама

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Собранието оддаде почит на жртвите од Сребреница

Побрз транспорт на стока во ЕУ преку Хрватска

ВМРО-ДПМНЕ фрли ракавица на СДСМ и Левица: Ќе прифатат се што ќе понуди опозицијата, само да гласа дијаспората

Николоски: Работиме на железничко поврзување на Македонија со Албанија и воведување меѓуградски возови

Ниски политички удари во Собранието- Битиќи ги навреди сметководителите, во обид да ја омаловажи министерката за финансии

Рекорден раст – речиси два милиони патници на македонските аеродроми во првите шест месеци од годинава

Економија

Монетарната политика на Народната банка ја поддржува ценовната стабилност во економијата

Инфлацијата во Македонија е споредлива со просечната инфлација во земјите од Централна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Инфлацијата во Македонија е споредлива со просечната инфлација во земјите од Централна и Источна Европа, рече вицегувернерката Ана Митреска на форум во организација на „Фајненшал тајмс“. Таа нагласи дека ваквите движења укажуваат на постоење заеднички регионални фактори што ја одредуваат инфлациската динамика, меѓу кои се растот на платите и кредитниот циклус, при што процесот на дезинфлација кај нас и во земјите од регионот е подолготраен во споредба со еврозоната.

Сепак, таа вели дека инфлацијата и понатаму се движи околу 4 отсто, што е над нејзиниот историски просек и над стапката на инфлација во еврозоната. Поставеноста на монетарната политика на Народната банка, според Митреска, има за цел да овозможи натамошно одржливо стабилизирање на инфлацијата и стабилни инфлациски очекувања.

Во услови на присутна неизвесност, монетарната политика ќе остане внимателна, а ако има потреба, Народната банка ќе ги употреби сите расположливи инструменти за зачувување на стабилноста на девизниот курс на денарот во однос на еврото и за обезбедување на ценовната стабилност.

Реклама

Митреска очекува ваквата поставеност на монетарната политика да доведе до натамошно намалување на домашната инфлација.