Реклама

Парното во просек поскапува за 6%. За стан од 60 квадрати сметката поголема за 140 денари

Водовод Гостивар- Потрошени седум милиони евра, реконструкцијата не е завршена ни по една деценија, па друг им е виновен

Повеќе пари за земјоделството, капитални инвестиции, социјална заштита: Ребалансот на буџетот изгласан во Собранието

Студентските домови добиваат нов лик – голема реконструкција до октомври

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Гостиварци може да здивнат – добија технички исправна вода

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Македонија

„Млади од семејна разновидност“: Со новиот закон за високо образование се враќа укинатото право на студентите на самохрани родители и од еднородителски семејства

Невладината организација „Млади од семејна разновидност“ – Скопје  го поздравува Предлог-законот за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Невладината организација „Млади од семејна разновидност“ – Скопје  го поздравува Предлог-законот за високо образование затоа што ги препознава студентите на самохрани родители и од еднородителски семејства, се наведува во нивното соопштение.

Како организација за млади од самохрани и еднородителски семејства, го пренесуваме нашиот став во однос на Законот за високо образование.

Повеќегодишна борба за повторно враќање на правото на студентите од самохрани и еднородителски семејства – право кое некогаш им припаѓаше, а со важечкиот Закон за високо образование беше укинато. Предлогот за новиот Закон за високо образование конечно ги препознава токму овие студенти. 

Реклама

Оваа борба никогаш не била за создавање ново право, туку за исправање неправда и враќање на веќе стекнато право. 

За жал, во тој процес бевме сведоци и на навредливи и недозволиви квалификации, меѓу кои и одговорот од Националниот совет за високо образование и научноистражувачка дејност при МОН, каде што самохраните и еднородителските семејства беа означени како „дисфункционални“ и „некомплетни“. 

Во изминатите години испративме безброј иницијативи и предлози до релевантни институции и носители на одлуки, до: Владата, Министерството за образование и наука, Министерството за социјална политика, демографија и млади, Министерството за правда, Претседателот и Собранието на Македонија. Паралелно, секоја година доставувавме предлози и до универзитетите, со цел стотици млади луѓе од овие семејства да добијат намалена партиципација за високо образование и еднаква шанса за академски развој.

Остануваме внимателни и ќе го следиме понатамошниот тек на постапката, со очекување решението да биде усвоено и применето во пракса.