Реклама

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Парното во просек поскапува за 6%. За стан од 60 квадрати сметката поголема за 140 денари

Водовод Гостивар- Потрошени седум милиони евра, реконструкцијата не е завршена ни по една деценија, па друг им е виновен

Повеќе пари за земјоделството, капитални инвестиции, социјална заштита: Ребалансот на буџетот изгласан во Собранието

Студентските домови добиваат нов лик – голема реконструкција до октомври

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Македонија

Мисајловски: Имаме стабилна и безбедна ситуација, тоа што го прави претседателот Трамп за мирот го поздравуваме

Македонија има стратешки пријатели, не само во НАТО, туку и надвор од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија има стратешки пријатели, не само во НАТО, туку и надвор од НАТО, соседи, имаме стабилна и безбедна ситуација што е многу важно за една целосна безбедносна слика, изјави вечерва во своето гостување на една од националните телевизии, министерот за одбрана, Владо Мисајловски.

Мисајловски рече дека планот за мир на американскиот претседател Доналд Трамп е за поздравување, бидејќи веќе четири години во Украина гинат луѓе.

-Ние го поздравуваме ова што го прави американската администрација, претседателот Доналд Трамп бидејќи само со оваа иницијатива може да се стигне до мир, затоа што веќе четири години гледаме како во Украина, за жал, гинат луѓе, рече министерот Мисајловски..

Реклама

Мисајловски за средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски на маргините на Минхенската безбедносна конференција рече дека имале интересна средба при што биле отворени повеќе прашања, и на кој начин може да се помогне, притоа додавајќи дека Македонија има помогнато многу како сега, така и во минатото.

-Имавме интересна средба, премиерот и ние како делегација, се отворија многу теми, но се разбира поддршката што ја даваме не е мала, како сега, така и во минатото. Моментално што се случува на бојното поле, што се следните чекори, што очекуваат властите во Украина, бидејќи секој ден имаме многу ракетни напади, особено со Киев и други градови, снемува струја, гинат луѓе, и како секоја земја членка на НАТО се отвора прашањето како може да се помогне. Ние веќе многу сме помогнале, но дополнително треба да гледаме како да го обновиме тоа што претходно е дадено и истовремено да бидеме лојален партнер и да имаме стратешки пријатели, појасни Мисајловски.

Нашата земја има стратешки пријатели во НАТО и надвор од НАТО вели министерот Владо Мисајловски.

-Она што е важно во овај период што Македонија има стратешки пријатели, имаме стабилна и безбедна ситуација што е многу важно за една целосна безбедносна слика, потенцираше Мисајловски.