Реклама

По хаваријата со водоводот: Владата ветува брзо решение за Гостивар

Однесено со ветрот: Ден по силната бура Скопје полека се опоравува, се санираат и бројат штетите

Кулминира топлотниот бран во Грција – во Атина екстремна опасност од пожари

Рокас: ЕУ ве гледа како идна членка, но владеењето на правото останува бескомпромисен услов

Брисел со нови пофалби за Македонија: Додека опозицијата блокира, Владата засилено работи на реформите

Од пеколни температури и пожари, до свежо време и бури: екстремна промена на временските услови за само една година

Повеќе пари за земјоделството, социјалната заштита и капиталните инвестиции – ребалансот на буџетот оди во Собрание

Невремето откорна дел од кровот на болницата во Штип, сериозни штети има во Чешиново-Облешебо

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Македонија

Министерство за одбрана: Случајот со шуга кај професионални војници не потекнува од касарната во Велес, апелираме да не се манипулира јавноста

Во врска со неодамнешниот случај на заболени професионални војници од инфективната болест…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во врска со неодамнешниот случај на заболени професионални војници од инфективната болест шуга (scabies), од Министерството за одбрана информираат дека болеста не потекнува од касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес, како што тоа се пласира во јавноста. Министерството воедно апелира да не се злоупотребува поединечен случај, за кој се наведува дека не е заразен во касарната, за манипулирање на јавноста, со што се нанесува и директна штета на угледот на Армијата. 

Од Министерството појаснуваат дека шугата може да се добие само преку контакт со претходно заразено лице или преку постелнина, пешкири и слично, кои претходно биле користени од исто така заразено лице. Посочуваат дека пред приемот на професионалните војници во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес, направено е комплетно уредување на просториите во кои се сместени војниците, односно извршена е комплетна дезинфекција на просториите и дадени се чисти и испрани постелнини и ќебиња.

Како што се посочува во соопштението, во меѓувреме од страна на Армијата и Воено – медицинскиот центар согласно здравствените протоколи се преземени мерки за спречување на натамошно евентуално ширење на оваа заразна болест.

Реклама

-Од страна на одделението за превентивна заштита од Воено – медицинскиот центар извршен е стручен епидемиолошки надзор, давање на мислење и понатамошни насоки и препораки. На превентивен преглед се испратени сите војници кои што биле во контакт со заразените лица. За време на викендов во просториите каде што се сместени војниците е извршено комплетна замена на постелнината, направена е дезинфекција на сите спални соби, дезинфекција на ќебињата, перниците и душеците и е испрана постелнината. Сите војници се информирани за симптомите кои може да се појават како резултат на оваа болест,  дадени се препораки доколку се забележат кожни промени веднаш истото да се пријави и да се консултираат со доктор, велат од Министерството за одбрана.

Оттаму посочуваат дека континуирано се следи состојбата со останатите лица и се преземаат мерки согласно насоките на доктор епидемиолог.

-По насока на ВМЦ професионалните војници се упатени на превентивен контролен преглед. Досега се регистрирани четири лица и на истите им е пропишана соодветна медицинска терапија, велат од МО.

Во оваа касарна, како и во останатите Центри за обука (АП Криволак, ЦО Пепелиште, Кампот за обука на вода) на годишно ниво поминуваат односно престојуваат голем број припадници како од Армијата така и од сојузничките Армии и досега не е регистриран ваков случај.

-Министерството апелира да не се злоупотребува поединечен случај, кој повторно ќе кажеме дека не е заразен во касарната, за манипулирање на јавноста, а со што се нанесува и директна штета и нарушување на угледот на Армијата. Министерството за одбрана и Армијата на чело со Генералштабот, во континуитет работат на подигнување на стандардите и условите за работа, а тоа подразбира комплетно реновирање и реконструкција на објектите во кои функционираат припадниците на Армијата. Само за илустрација за 2026г и 2027г предвидени се 41.300,000 денари за реконструкција и санација на објектите, градежно – занатски работи, се наведува во соопштението.

Во изминатиот период, како што се посочува во соопштението, Министерството ги обезбеди потребните финансиски средства за реконструкција, адаптација и тековно одржување на објектите на МО и Армијата. Средствата биле наменети за подобрување на инфраструктурата, обезбедување на современи услови и зголемување на безбедноста во објектите што се користат.

Од Министерството за одбрана информираат дека истиот пристап продолжува и во тековната година, со што е обезбедено континуирано финансирање на активности поврзани со реновирање, уредување на објектите, санација тековно одржување и други потребни интервенции.