Реклама

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

„Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега – локалната власт ќе ја прошири поддршката за фестивалот

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Откако се „потрошија“ водејќи инает со власта за изборните правила, СДСМ и Левица се испокараа меѓу себе

Нов случај на врсничко насилство – девојче од Куманово тепано и понижувано

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Македонија

Мицкоски: Истрагата за дрогата оди до лица од опозицискиот блок и порано активни политичари, се ќе биде поткрепено со докази

Истрагата за скандалот со дрогата води до лица од опозицискиот блок, но…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Истрагата за скандалот со дрогата води до лица од опозицискиот блок, но и поранешни политичари, рече вечерва премиерот Христијан Мицкоски, порачувајќи дека „сите ќе одговараат затоа што се ќе биде поткрепено со докази“.

Мицкоски, во гостувањето на една од националните телевизии, посочи дека според информациите од текот на досегашната истрага, има кривична пријава за 10 лица покрај двајцата кои веќе се приведени и нагласи дека тоа е само почеток.

За обвинувањата на опозицијата изјави дека одговорност ќе има кон сите, но оти „опозицијата треба да е свесна дека истрагата води до нивни блиски и дека постојат докази за тоа“.

Реклама

– Секогаш кога ќе ја прашате опозицијата тие тоа ќе ви го кажат без да имаат било каков аргумент, а власта од оваа страна која што зборува врз основа на аргументи и факти. Нема да зборувам, но мислам дека ќе дојдат до многу важни имиња кои се дел или поврзани со моменталната опозициската СДСМ, делумно со така наречениот Европски Фронт, но и поранешни политичари. Само тогаш да не биде дека тоа е политички реваншизам и хајка, затоа што се ќе биде поткрепено со докази. Затоа што да не биде тогаш „зошто моето семејство“, сите ќе бидат вклучени, бидејќи знаат да го напаѓаат моето семејство и семејствата на луѓето од Владата, треба да се свесни дека нивните семејства за кои постојат докази посебно во овој случај ќе бидат одговорни за многу работи –  рече премиерот Мицкоски.

Тој дополни дека „правдата ќе победи во случајот и тој кој се огрешил ќе одговара“, дополнувајќи дека „не треба да заборавиме каква политика водеше владата на СДСМ и ДУИ во врска со одгледувањето на канабис и оти се ова е последица на тие политики“.

– Сите забораваме колку пати претходната влада на СДСМ и ДУИ се обидуваше да го промени Законот за одгледување на канабис и да се дозволи извоз на цвет од канабис. Дури на најстроги празници свикуваа седници во Собрание. Еве самите гледаме што барале производителите. Не може вашата економска програма да се темели на производство на канабис, самото по себе е поразително. Еве сега со скандалот со дрогата гледаме како Али, Заев и Венко како министер за здравство ја развивале Македонија и ова се последици од тие политики, но ќе бидат казнети, рече Мицкоски.