Реклама

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Собранието оддаде почит на жртвите од Сребреница

Побрз транспорт на стока во ЕУ преку Хрватска

ВМРО-ДПМНЕ фрли ракавица на СДСМ и Левица: Ќе прифатат се што ќе понуди опозицијата, само да гласа дијаспората

Николоски: Работиме на железничко поврзување на Македонија со Албанија и воведување меѓуградски возови

Ниски политички удари во Собранието- Битиќи ги навреди сметководителите, во обид да ја омаловажи министерката за финансии

Рекорден раст – речиси два милиони патници на македонските аеродроми во првите шест месеци од годинава

Македонија

Коњановски: И ние по примерот на други градови, сме пред предизвикот за зголемување на цените на услугите

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски во јавно обраќање поврзано со состојбите и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски во јавно обраќање поврзано со состојбите и предизвиците на локалните јавни претпријатија најави корекција на цените на услугите на јавните претпријатија.

Според градоначалникот Коњановски, потребно е подобрување на рентабилноста и поголема ефикасност во давањето на локалните услуги од страна на претпријатијата.

-Темите со јавните претпријатија и нивните состојби честопати се предмет на дискусија во јавноста. Ова мое обраќање е во насока на подобрување на нивната рентабилност, односно нивна поголема ефикасност во давањето на своите услуги до корисниците. Секое од нив се бори со своите предизвици. Пред неколку години енергетската криза беше голем удар за нив. Зголемувањето на платите согласно зголемувањата на минималната плата исто така имаат влијание врз нивната работа, а неопходно е и вложување, односно инвестиции во механизација, кои се сега далеку попотребни од било кога, со оглед дека
сме пред нова градежна офанзива каде и тие треба да сработат голем дел од проектите кои ги доби општина Битола од Владата, рече Коњановски.

Реклама

Во Битола, додаде, има претпријатија кои со децении немале коригирани цени, односно не се случило поскапување.

-Како пример, комуналните услуги не се променети од 1994 година. Она што сакам да го кажам е дека и ние по примерот на други градови, сме пред предизвикот за зголемување на цените на услугите, истакна Коњановски и додаде дека зголемувањето на цените не е популарна мерка, но е доволно храбра за да имаме претпријатија кои ќе бидат посамостојни во своето работење и многу поефикасни отколку досега.