Реклама

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Македонија

Ивановска: Жените имаат капацитет да водат, го подобруваме образованието за што повеќе девојки да бидат добри лидерки

Ветивме и работиме на правење услови, носење регулатива, обезбедување системско опкружување кое…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ветивме и работиме на правење услови, носење регулатива, обезбедување системско опкружување кое ќе им овозможи на жените поголема економска независност. Пред сѐ, работиме на подобрување на образованието и пристапот до образование. Образованието им овозможува на жените да развијат критичко размислување, способности за донесување одлуки и вештини за решавање проблеми, што е од суштинско значење за лидерските позиции, рече државниот секретар во Министерството за образование и наука Елена Ивановска на одбележувањето на Меѓународниот ден на жената 2026, организирано од Министерството за социјална политика, демографија и млади, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Обединетите нации во земјава, под глобалната тема „Права. Правда. Акција за сите жени и девојки“.

На панел-дискусијата за моќните жени лидерки и жените што носат одлуки, Ивановска посочи дека образованите жени имаат поголема веројатност да постигнат економска независност преку работна ангажираност, водење претприемништво и придонесување кон општествен развој. Образованието влијае и на промена на општествените ставови и помага да се разбијат стереотипите што го ограничуваат учеството на жените во лидерските и економските активности, наведува МОН во соопштение. 

-Кога зборуваме за лидерство, треба да зборуваме и за бариерите. Предрасуди, стереотипи, недоверба, тоа се пречки што многу жени ги одвратиле од патот на лидерство. Лично, се реализирав како сопруга и како мајка, паралелно со мојата образовна надградба, а подоцна и со политичкиот ангажман. Мит е дека жената треба да избере меѓу семејството и кариерата. Лидерството значи да најдеш сила да ги усогласиш улогите. Тоа е предизвик, но секоја од нас е доказ дека жените имаат капацитет да водат, рече Ивановска.

Реклама

Укажа дека со секоја одлука која ја носи раководството на МОН, од кое и самата е дел, презема одговорност за младите и за нивното образование. Појасни дека реформите што во моментов се спроведуваат се насочени кон стекнување повеќе и поквалитетно знаење, но и кон градење личности кои критички размислуваат, со емпатија и со одговорност кон заедницата.

-Тоа е темелот на лидерството, да умееш знаењето да го употребиш за подобар живот на луѓето, да правиш промени што го издигнуваат општеството скалило повисоко, истакна Ивановска.

За новиот Закон за високо образование рече дека се носи за да обезбеди поквалитетни студии за младите, современи програми и еднакви можности за сите.

-Наша обврска е да овозможиме услови вие младите, девојките и младите жени да ги реализирате вашите потенцијали и потреби. Како држава ни е потребно уште повеќе жени да сe охрабрат и да го развијат својот потенцијал за лидерство, нагласи државниот секретар.

Во дискусијата учествуваа и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, пратеничката Жаклина Пешевска и амбасадорката на Јапонија Сецуко Кавахара. Ивановска рече сите тие се доказ оти лидерството не е привилегија само на мажите, ниту на некои избрани, и дека ниедна жена не се родила со моќ да носи одлуки, туку се изградила како лидерка.

-Мојата порака до девојките и младите жени е дека лидерството се учи. Знаењето и вештините кои ви се потребни, се развиваат чекор по чекор. За да бидете лидерки, не треба да чекате некој да ви дозволи. Треба да преземете одговорност. И да запамтите – ако тргнете, ќе стигнете!“