Реклама

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Муцунски: Нема промена на македонските позиции

Вардар се исчисти од белата пена – се чекаат резултатите од испитувањата

Гостиварчани да бидат потрпеливи, се работи на отстранување на проблемот – потребно е подолго време да се нормализира состојбата

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Нов член на Владата: Зејнула избран за министер без ресор, СДСМ гласаше против, иако немале ништо лично против него

Продолжува опремувањето на македонските касарни, во прилепската – изграден воен хангар во вредност од 10,5 милиони денари –

Економија

Хоџа: Нова опрема за отпад во Струга и засилени инвестиции во инфраструктурата

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, заедно со градоначалникот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, заедно со градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, изврши увид во новонабавената комунална опрема во Струга – дел од воспоставувањето интегриран и одржлив регионален систем за управување со отпад.

Како што информира МЖСПП, во оваа фаза од проектот, кој се спроведува со поддршка од Европската банка за обнова и развој, Општина Струга добива три камиони за собирање отпад со капацитет од 12 кубни метри, два камиони од 8 кубни метри и еден кипер камион, како и 8.204 канти  и 132 контејнери. Дел од опремата е веќе доделена, додека останатата ќе биде испорачана до октомври 2026 година, со што значително се зајакнуваат капацитетите на јавното комунално претпријатие и се подобрува покриеноста со услуги во урбаните и руралните средини.

-Во рамки на посетата, министерот беше информиран и за напредокот на терен на другите инвестиции во Струга поддржани од Министерството-изградбата на нова водоводна мрежа во градот и колекторскиот систем Радожда–Калишта. Работата на оваа клучна инфраструктура, вклучително и денешниот почеток на изградбата на канализационен систем во село Враништа, се доказ за посветеноста на министерството кон почиста и поздрава животна средина за граѓаните од струшкиот регион, соопшти МЖСПП.