Реклама

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Парното во просек поскапува за 6%. За стан од 60 квадрати сметката поголема за 140 денари

Водовод Гостивар- Потрошени седум милиони евра, реконструкцијата не е завршена ни по една деценија, па друг им е виновен

Повеќе пари за земјоделството, капитални инвестиции, социјална заштита: Ребалансот на буџетот изгласан во Собранието

Студентските домови добиваат нов лик – голема реконструкција до октомври

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Економија

Грчки медиуми: Македонија го намали речиси за половина ДДВ-то на горивата

„Македонија: „Кратење“ на ДДВ-то на горивата за да се задржат цените на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Македонија: „Кратење“ на ДДВ-то на горивата за да се задржат цените на бензинските пумпи“; „Македонија го намалува на половина ДДВ-то на горивата за да го запре покачувањето на цените“; „Македонија го намали речиси за половина ДДВ-то на горивата“; „Владата во Скопје го намалува ДДВ-то на горивата“, „Македонија го намалува ДДВ-то на горивата поради војната на Блискиот Исток“, се дел од насловите во грчките медиуми за владината одлука за намалување на данокот на додадена вредност за горивата со цел да се спречи енормниот скок.

Медиумите во Грција коментираат дека „уште една земја воведува драстични мерки за запирање на поскапувањата поради војната на Блискиот Исток“, дека земјата презема мерки за високите цени на горивата и објаснуваат дека ДДВ-то се намалува на 10 од 18 отсто што ќе важи за бензинот и дизелот за следните две седмици.

– Владата на Македонија соопшти намалување на ДДВ-то на горивата, во обид да ги ограничи поскапувањата на цените предизвикани од војната на Блискиот Исток. Одлуката предвидува речиси преполовување на данокот, со цел да се задржат цените на бензинските пумпи, пишува онлајн изданието на весникот „Та неа“.

Реклама

– ДДВ-то на бензинот и на дизелот ќе се намали од 18 на 10 отсто, изјави премиерот Христијан Мицкоски пред новинарите по седницата на владата посветена на ова прашање, објави државната телевизија ЕРТ.

Грчките медиуми објаснуваат дека одлуката стапува во сила денеска, ќе важи во следните две седмици и ја пренесуваат изјавата на премиерот Мицкоски дека „цената на бензините ќе остане иста, а цената на дизелот да се зголеми околу 3 до 3,5 денари (0,04 до 0,05 центи) по литар“.

Дополнително, повикувајќи се на податоците од француската новинска агенција, пишуваат дека цените на бензинот и на дизелот вчера се зголемија на околу 1,40 и 1,49 евра за литар.

Во Грција, во однос на горивата, пред две седмици, со одлука на Владата беше воведен плафон на профитната маржа што не смее да надмине 5 центи по литар гориво во големопродажбата и 12 центи на бензинските пумпи во Грција, додека пак претпладнево грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис ќе соопшти нови мерки за поддршка на граѓаните, меѓу кои се очекува да биде вклучен и бензинот. Утрово, цената на бензинот во Атина е над 2 евра.