Реклама

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Кочанските оризари бараат откупна цена од 35 денари за килограм

Денеска ќе се знае дали ќе има епидемија во Гостивар: Водата не смее да се користи ниту за пиење, ниту за миење, ниту за капење…

Владата утре на состанок со трговците со храна, Мицкоски најави намалување на акцизите на горивата

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Прилози

Го задавил со раце за да му го земе имотот – се бара притвор за убиецот на охриѓанецот Климе Митревски

За имот вреден над 1 милион евра, анестезиолошки техничар од тетовското село…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За имот вреден над 1 милион евра, анестезиолошки техничар од тетовското село Брвеница му пресудил на 76-годишен пензионер од Охрид. За сторено кривично дело убиство, полицијата го сомничи 53-годишниот Жарко Гроздановски, кој пред три дена по вербална расправија физички го нападнал и со раце го задушил некогаш познатиот угостител, Климе Митревски, во неговиот дом.

„СВР Охрид во текот на денешниов ден поднесе кривична пријава против 53-годишен жител на тетовското село Брвеница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело убиство поврзано со членот 2 од користољубие“, вели Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Гроздановски со сега починатиот имал склучено договор за доживотна издршка. И наместо, како што се обврзал, да се грижи за Митревски до крајот на неговиот живот, тој извршил злосторство за што побрзо да го приграбe неговиот имот.

Реклама

„Со цел да го спречи сега починатиот Климе Митревски да го раскине договорот за доживотна издршка кој го склучиле кај нотар во февруари 2025 година. Според договорот, осомничениот по смртта на оштетениот требало да добие голем имот. Но, оштетениот веќе презел дејствија за раскинување на тој документ. По вербална расправија околу одлуката на оштетениот да го раскине договорот, осомничениот одзади физички го нападнал, го совладал на подот и го удрил со бокс неколку пати во главата. За цело време го држел оштетениот со едната рака преку устата и носот, со што му го спречил дишењето и кај него предизвикал смрт. Откако се уверил дека жртвата не дава знаци на живот, го напуштил местото“, велат од ЈОРМ

Убиецот од претходно ѝ е познат на полицијата.

„Во изминатиов период поднесена е една кривична пријава за говор на омраза искажана преку социјални мрежи кон една личност, по што се преземени мерки во делот на расветлувањето на тоа дело. Докажано е делото, потврдени се наводите и поднесена е соодветна кривична пријава против него“, вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Присуството и дејствијата на осомничениот во критичниот период се евидентирани на снимки од видео надзор поставен во куќата на трагично починатиот. За ова тешко кривично дело е предвидена казна затвор од најмалку 10 години или доживотен затвор. Поради опасност од бегство и можност осомничениот да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците, сокривање или уништување на трагите на кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.