Реклама

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Муцунски: Нема промена на македонските позиции

Вардар се исчисти од белата пена – се чекаат резултатите од испитувањата

Гостиварчани да бидат потрпеливи, се работи на отстранување на проблемот – потребно е подолго време да се нормализира состојбата

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Нов член на Владата: Зејнула избран за министер без ресор, СДСМ гласаше против, иако немале ништо лично против него

Продолжува опремувањето на македонските касарни, во прилепската – изграден воен хангар во вредност од 10,5 милиони денари –

Македонија

Димовска – Хансен: Продлабочување на соработката на службениците од полза за двете собранија

На маргините на состанокот на генерални секретари на парламенти на ЕУ, генералната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На маргините на состанокот на генерални секретари на парламенти на ЕУ, генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска оствари средба со генералната секретарка на Данскиот парламент, Мари Хансен.

На средбата, како што информира собраниската прес-служба, Димовска ја претстави Стратегијата за дигитална трансформација на Собранието 2026-2028. Димовска се осврна на активностите на собраниската служба, во насока на новоформираното одделение во Собранието за проценка на влијанието на регулативата и агендата за родова еднаквост.

Хансен констатира дека продлабочување на соработката на службениците е од полза на двете собранија. Во насока на евроинтеграциите, беше искажана поддршка за процесот и унапредување на вештините на службата во евроинтеграциите процеси. Хансен ѝ се заблагодари на Димовска за придонесот во денешната дебата.

Реклама

Соговорничките се согласија дека меѓупарламентарната соработка, размената на искуства за актуелните предизвици е клучна и останува приоритет за двете страни.